Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: Граѓаните губат најмногу со излегувањето на Струмица и Карпош од ЗЕЛС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Перински: Граѓаните губат најмногу со излегувањето на Струмица и Карпош од ЗЕЛС
ПОЛИТИКА

Перински: Граѓаните губат најмногу со излегувањето на Струмица и Карпош од ЗЕЛС

Објавено October 24, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Секоја најава за нарушување на единството на ЗЕЛС му штети и на ЗЕЛС и на сите општини, оценува министерот за локална самоуправа Златко Перински по најавите на општините Струмица и Карпош дека ќе го напуштат ЗЕЛС.

ЗЕЛС е единствената асоцијација на единиците на локалната самоуправа која што има мандат да ги застапува нивните интереси пред Владата. Добро е и во иднина да остане така. Ваквото однесување сериозно ја нарушува позицијата на ЗЕЛС, затоа што само единствен ЗЕЛС може да биде сериозен партнер на Владата во разговорите за унапредување на системот на локалната самоуправа и на развојот на општините, зад што оваа Влада застана многу отворено и јасно и преку конкретни решенија тоа веќе го потврдуваме, вели Перински во изјава за МИА.

Ваквите потези, според Перински, не се решение. Со пренасочување на вниманието и политизирање на случајот, губат сите, а најмногу граѓаните, вели Перински.

По најавите на градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов дека Општина Струмица ќе излезе од ЗЕЛС, денеска и официјално од Општината соопштија дека се откажуваат од членството во ЗЕЛС и дека градоначалникот Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор. Напуштањето на ЗЕЛС, како што соопштија, е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит.

Најава за прес-конференција попладнево најави и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Програмерите со највисоки плати во Македонија
Следна Статија Објавено кои седум земји не сакаат да ја поканат Украина во НАТО, пренесува „Политико“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче најави протест против мигрантите

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави денес протести во Македонија ако власта не излезе транспарентно со податоци околу договорот што…

December 10, 2025
ПОЛИТИКА

Богдан Илиевски: Будалиот се гордее со тоа од што паметниот се срами

Веројатно навистина треба доста храброст (или лудост) да одиш против волјата на својот народ, да го обезличиш и да го…

November 27, 2024
ПОЛИТИКА

Лефков тврди: Цел сум на хибриден напад од Бугарија и од дома!

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани, Миле Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека, наводно, повеќе членови…

July 23, 2025
ПОЛИТИКА

Заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Стоилев разрешен од партиската функција

Вчера заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде беа донесени повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?