Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пешевска: Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот е силна порака дека никој нема да биде поштеден од законот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пешевска: Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот е силна порака дека никој нема да биде поштеден од законот
ПОЛИТИКА

Пешевска: Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот е силна порака дека никој нема да биде поштеден од законот

Објавено December 24, 2024 21:40
Сподели
Сподели

Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот, јас неколку пати кажав во јавноста дека е силна порака, дека никој нема да биде поштеден од законот и дека секој треба да одговара за она што се огрешил. Но, ме зачудува фактот што СДС беше седум години во коалиција токму со ДУИ и вицепремиер беше Артан Груби и цело време додека ние критикувавме и баравме одговори за одредени криминали и тендери во четири очи, огромни суми украдени и така натаму, СДС молчеа, вели Жаклина Пешевска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ во нејзиното вечерашно гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само Вистина“.

Според неа, СДС молчеле затоа што немале доволен коалициски капацитет и влада која се одржувала на стаклени нозе, па во името на коалицијата претходно, во изминатиот период се воздржувале, а сега одеднаш ги отвораат очите и почнуваат да зборуваат.

„Тој синдром јас им го забележaв во Собрание, мислам дека малку, простете на израз, забораваат како се однесуваат, да не речам ги фаќа амнезија, забораваат како се однесуваа кога беа министри, самобендисано, ноншалантно, за да сега целосно се сменија. И видете во овој криминал соучесници се токму членови од вашата партија и се надевам дека правдата ќе ги стигне“, концизна е Пешевска обраќајќи се до нејзината соговорничка и пратеничка од СДС, Јованка Тренчевска.

Пешевска дополнува дека жали што СДС се ставени во позиција да бранат нешто што не се брани и додека некој наполнил џебови и вреќи со пари, СДС сега треба да го штитат. Во контекст на ДУИ таа смета дека нивното оградувањето од Артан Груби е само уште еден показател дека никој околу себе не сака да има човек од криминална природа или „труло дрво“ и со тоа си ја штитат партијата.

„Каде беа претходно кога цело време укажувавме, видете сега, после година дена играње фудбал во канцелариите на владата, сега се освестил Бујар Османи да каже дека тоа видео не требало да излезе. Прво, не требало така да се однесуваат во државните институции и каде бевте госпоѓо Тренчевска вие тогаш да реагирате, кога ние зборувавме, кога се поларизираше јавноста и која е фактурата што вие не ја спречивте и криминалите и еден куп пари што се однесоа од државната каса кога вие бевте во коалиција со ДУИ?“, прецизна е Пешевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Омерагиќ и Пандев се сретнаа со Милевски: Репрезентацијата секогаш треба да биде над сите, тоа е национален интерес
Следна Статија BMW продал луксузни возила на руски клиенти и покрај санкциите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Груби демантира дека е во бегство – Ќе се вратам кај моето семејство

Артан Груби,поранешниот прв вицепремиер на Македонија, преку својот профил на Фејсбук ги демантираше шпекулациите дека избегал од државата. Денеска патував…

December 16, 2024
ПОЛИТИКА

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ: „Никогаш не сум изгубил избори“

Откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги соопшти новите имиња на кандидатите за градоначалници на локалните избори, без да…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не побараа експертско мислење пред да ги предложат законските измени за државјанствата

Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се консултирале со правни експерти пред да ги предложат законските измени со кои се предвидува…

April 24, 2026
ПОЛИТИКА

Во Неготино до 18.30 часот гласале 54.31 отсто од избирачите

Во Неготино до 18.30 часот гласале 54.31 отсто од избирачите, изјави Елизабета Камчева, претседателка на Општинска изборна комисија. Во избирачкиот…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?