Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрова: Даноците се собираат според планот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Петрова: Даноците се собираат според планот
ЕКОНОМИЈА

Петрова: Даноците се собираат според планот

Објавено December 13, 2024 14:10
Сподели
Сподели

Полнењето на буџетот е стабилно и сосема е извесно дека годината ќе ја завршиме со исполнување на планот, бидејќи до крајот на годината останува да се наплатат уште 5 проценти од годишниот план, оцени денеска директорката на управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.

-Заклучно со 30 ноември планот е целосно исполнет и натфрлен со 2 проценти. Сега се наоѓаме во период од месец декември кога се уште не поминале клучните датуми кога се роковите за плаќање на обврските, тоа се 15-ти и 25-ти во месецот, но еве до крајот на годината останува да се наплати уште 5 проценти од годишниот план и споредбено со тоа какви се историските тенденции колку приходи или колкав дел од годишниот план се наплаќа во текот на месец декември секоја година сосема е извесно дека овие 5 проценти ќе ги наплатиме до крајот на годината, изјави Петрова во одговор на прашање пред почетокот на презентацијата на најновиот Извештај на Светска банка за земјава.

Прашана дали има потреба да се зголеми ДДВ-то, како што предлага бизнис заедницата, Петрова рече дека нема потреба од зголемување на ставката на ДДВ и додаде дека со други методологии, со други пристапи може да се подобри даночната усогласеност и да се мобилизираат даночните приходи со задржување на ниски даночни стапки.

– Ние работиме во рамките на политиките на Владата, фискалната стратегија, тоа се политики за одржување на ниски даночни стапки, а собирањето или мобилизацијата на даночните приходи треба да ја обезбедиме во тие услови на ниски даночни стапки со проширување на даночната база, со интегрирање на сивата економија во формалната економија и со разни други мерки коишто ќе се однесуваат на намалување на сите други даночни гафови, односно загуби на даночни приходи заради даночна евазија заради нецелосно и неточно плаќање на даноците, рече Петрова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АЕК планира приходи од 572 милиони денари
Следна Статија Си Џинпинг ја одби поканата на Трамп за инаугурацијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Ново Нордиск“, производител на Оземпик, отпушта 9.000 луѓе

Данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“, производител на популарниот лек за дијабетес и слабеење Оземпик, најави дека ќе отпушти 9.000 вработени,…

September 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила

Костал Македонија влегува во третата фаза на инвестицискиот циклус вредна помеѓу 45 и 50 милиони евра, со што се отвора…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Се зголемува плаќањето со картички и преку мобилни апликации

Во третиот квартал од 2024 година е забележан значителен годишен раст на бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните…

January 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе се воведе „one stop shop“ на железничката станица меѓу Македонија и Грција

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најави дека ќе се воведе one stop shop на железничката станица меѓу Македонија…

July 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?