Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Мазут со многу нечистотии доставуван во ТЕЦ Неготино, а раководството на АД ЕСМ од СДС и ДУИ му правеле и анекси на добавувачот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Петрушевски: Мазут со многу нечистотии доставуван во ТЕЦ Неготино, а раководството на АД ЕСМ од СДС и ДУИ му правеле и анекси на добавувачот
МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Мазут со многу нечистотии доставуван во ТЕЦ Неготино, а раководството на АД ЕСМ од СДС и ДУИ му правеле и анекси на добавувачот

Објавено November 8, 2024 14:20
Сподели
Сподели

ДЗР во ревизија на работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 утврдил низа нерегуларности. Раководството на претпријатието од СДС не ги спроведувало јавните набавки согласно закон. ДЗР констатира дека при набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ раководството толерирало низа пропусти на доставувачот, кој ги немал секогаш задолжителните залихи, доцнел со испораката и не ја почитувал динамиката, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-АД ЕСМ и покрај тоа што не добивала мазут како што било предвидено во договорот, во два наврати склучува анекси со истиот добавувач, со што ја зголемува вредноста на договорот. Раководството на АД ЕСМ толерирало испорака на мазут со примеси на голем број нечистотии, со што се предизвикале дефекти во мазутната станица, нагласи Петрушевски и постави прашања:

-Зошто раководството на АД ЕСМ толерирало неквалитетен мазут и лоша испорака? И зошто згора на тоа два пати анексирале договор?

-Дали поранешното раководство на АД ЕСМ работело за нечиј приватен интерес наместо за државниот?

Го повикуваме ЈО да го испита случајот со набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, а како појдовна точка да ја имаат Ревизијата од ДЗР. Одговорност мора да има, изјави Петрушевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Антикорупциска иницира постапка против поранешната министерка за култура за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели
Следна Статија Илиоски со спектакуларен нокаут го победи Гркот Христот за финале на ЕП во Атина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе информира за постигнатата согласност со британскиот премиер Кир Стармер за договор…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков од Херцег Нови: Македонија е новиот претседавач со Советот на министри за култура на ЈИЕ- јакнење на културата во функција на одржливиот равој

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Херцег Нови, имаше свое обраќање на состанокот на Советот на министри…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Половина од анкетираните млади се соочиле со корупција во образованието

Со некаков облик на корупција, најчесто во образованието – од поткуп за оценки до купување дипломи, се соочиле 54 отсто…

October 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?