Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме со покачување од октомвриската плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме со покачување од октомвриската плата
ПОЛИТИКА

Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме со покачување од октомвриската плата

Објавено October 14, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа: за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата којашто ќе биде исплатена во месец ноември оваа година, па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во месец март 2025 година, посочи портпаролката на Владата, Марија Митева.

„Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 и пол %.Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот“, истакна таа.

Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Татко ми и Велибор имаа спор, вели ќерката на убиениот Панче Жежоски
Следна Статија Фокусирани сме на зголемување на платите во образованието и во здравството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Пендаровски за СДСМ: Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување

Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, испрати јасна порака до раководството на неговата СДСМ – дека партијата се наоѓа на…

April 4, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Неетички чин на министерот Филков, судир на интереси или кражба на труд?

„Министерот за правда, Филков, има намера да магистрира на тема „Креирање на стратегии во сферата на правосудството како надлежност на…

September 5, 2025
ПОЛИТИКА

Демократска партија на Турците ќе избира нов лидер на 25 мај – проф. д-р Муедин Кахвеџи најсериозен кандидат

На 25 мај, Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) ќе избере нов претседател, а според направените анкети на социјални…

May 24, 2025
ПОЛИТИКА

Ковачки: Политичарите лешинари од ДУИ и остатоците од Алијанса – изгубени во време и простор, плукаат по оние што ја чуваат државата!

Ги следам објавите од штабот на Али Ахмети и од партијата на узурпаторот Зијадин Села. Запрепастен сум од безобразието со…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?