Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
МАКЕДОНИЈА

По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.

Објавено November 26, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања, говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка. Ова денеска го подвлече директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, проф. д-р Ирена Алексиовска Папестиев, во изјава за медиумите. 

Алексиовска Папестиев рече дека тоа е прва пациентка во државава која останала бремена со сопствена јајце клетка, бременоста била следена во земјава и породила во државава. Пациентката била породена во 36 г.н. со царски рез со уреден оперативен тек.

– Родено е живо машко бебе со родилна тежина од 2350 гр. и 48 см. И мајката и бебето се во одлична општа состојба. Мајката херој како што ја нарековме, е пациентка со исклучително тешко гинеколошко и акушерско минато со 10 ин витро интервенции и 10 спонтани абортуси. Во изминатите години пациентката имала и други 3 гинеколошки операции, изјави Алексиовска Папестиев. 

Таа додаде дека во текот на оваа бременост пациентката имала hypertensia (покачен крвен притисок) и diabet 2, но бременоста била уредна и контролирана.

– Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања, говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка, нагласи проф. д-р  Алексиовска Папестиев.

Мајката и бебето денеска ќе бидат пуштени дома, а за бебето ќе се грижи и таткото кој има 65 години. 

– Денес ги испраќаме дома бебето и родителите кои не се откажале од својот сон, не потклекнале на неуспесите, на притисоците од околината и на предрасудите со кои живееме. На Петар и неговите родители им посакуваме одлично здравје, безгрижно детство и долги години на радост минати заедно со семејството, истакна директорката на Клиниката. 

До неодамна најстара бремена пациентка била 60-годишна жена која, бидејќи не била граѓанин на нашата држава, породувањето го завршила во земјата од која потекнува.

Во регионот, највозрасна прворотка била Љубица од Србија која родила на 62 години, но со донирана јајце клетка и трансфер извршен во Чешка, како и Афифа (61г.) исто така од Србија која по три неуспешни инвитра, останала бремена. Во светот, најстари пациенти се 62-годишна пациентка од Шпанија и 76 годишна жена во Индија. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити: Владата повторно ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за нафта
Следна Статија Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кој го предаде Кузман Питу на Бугарите?

Официјално, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година погоден од куршум на бугарски војник. Претходно, била опколена куќата во сегашната…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Фидоски: Ќе ја вршам професијата чесно со цел да се зголеми довербата на граѓаните во правосудството

Новоизбраниот шеф на скопското обвинитество Анел Фидоски, даде свечена заклетва пред членовите на Советот на јавните обвинители. Тој пред неколку…

January 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Паркира кој каде ќе му текне (ФОТО)

Паркирањето во Центар е вистински хаос, не се почитуваат ниту сообраќајните знаци, ниту паркинг местата предвидени за автомобилите. Така е…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на цените во празничните денови како општествена кауза

По повод двата најголеми христијански празници, Рождество Христово-Божиќ и Христовото воскресение – Велигден, Свештената бигорска Обител, секоја година се обраќа…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?