Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Победата на Трамп е добра вест за Македонија: Негови соработници веќе беа на средба со македонскиот владин врв
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Победата на Трамп е добра вест за Македонија: Негови соработници веќе беа на средба со македонскиот владин врв
МАКЕДОНИЈА

Победата на Трамп е добра вест за Македонија: Негови соработници веќе беа на средба со македонскиот владин врв

Објавено November 6, 2024 11:47
Сподели
Сподели

Ако денот по утрото се познава, тогаш слободно може да констатираме дека Доналд Трамп е 47-от претседател на Соединетите американски држави, а со тоа следи и еден нов период во светот.

Иако ова беше многу динамична предизборна кампања која ја следеа многу контраверзни работи, како и два обиди за атентат врз Доналд Трамп, на крајот Американците го кажаа своето на избори.

Но, овие избори не пробудија интерес само кај Американците, туку во целиот свет, па и во Македонија, бидејќи САД е најзначјниот стратешки партнер на земјва, па оттука нивната поддршка е значајна за нас Македонците.

Пред неполни пет месеци промена на власта се случи и во Македонија, Христијан Мицкоски е нов премиер, а меѓу првите средби на актуелниот македонски премиер беше во Вашингтон со еден од најблиските луѓе на Доналд Трамп, Ричард Гренел.

Тогаш американските медиуми пишуваа дека Гренел се смета за претендент за висока позиција во администрацијата на САД доколу на претседателските избори победи Доналд Трамп.

Првата средба со Ричард Гренел и Мицкоски беше на 8-ми јули во Вашингтон, на која исто така беа и министрите за одбрана и надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.

Но брзо после првата следеше и втора средба, во кабинетот на македонскиот премиер. Тогаш владата преку соопштение информираше за оваа средба со Ричард Гренел.

Во соопштението се велеше дека на средбата се дискутирало за актуелните случувања во Западен Балкан, а било истакнато значењето на одржувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и продлабочување на односите и соработката меѓу државите во овој дел од Европа.

На оваа средба како што информираа од владата, посебен акцент бил ставен на односите на САД и Македонија, како и на можноста за нивно дополнително зајакнување. На средбата биле анализирани и можностите за идни заеднички инвестиции во проекти значајни за регионот. Според владиното соопштение, била разгледана можноста за евентуално американско учество во енергетскиот проект „Чебрен“ кој има стратешко значење за енергетската независност на земјата.

Но, Мицкоски исто така имаше средба и со други блиски луѓе на Доналд Трамп, Крис Павловски кој е Американец со македонски потекло како и основач и извршен директор на интернационалната компанија „Рамбл“ (Rumble), Давид Нунес поранешен конгресмен на Калифорнија, сега извршен директор на Трамп корпорација за медиуми и технологија и Хауард Лутник основач и извршен директор на една од водечките финансиски коорпорации во САД – Кантор Фицџералд (Cantor Fitzgerald) , која има годишен обрт од десетици милијарди долари, а е во делот на дигиталната трансформација.

Станува збор за корпорации со десетици милијарди долари годишен обрт. Крис Павловски е со македонско потекло, тој работи заедно со тимот на господинот Трамп во делот на развивање на Rumble која е многу важна во процесот на дигитализација, а луѓето кои беа тука господинот Хауард и господинот Нунес се двајца кои се од кругот на најблиските соработници на екс претседателот на САД, Доналд Трамп и тоа се луѓе со големо корпоративно и политичко искуство во делот на дигитална трансформација“, рече премиерот Мицкоски говорејќи за денешната средба со претставници на компанијата Rumble, финансиската корпорација Cantor Fitzgerald од САД и Трамп корпорација.

Премиерот Мицкоски говорејќи за можностите, посочи дека и претходно се зборувало за идејата „дигитален денар“, да видиме како можеме да се развива таа идеја, дали може заедно со блокчејн технологија да направи нешто во кое ќе се обезбеди поголеми приходи за граѓаните и државниот буџет.

Јас сум горд и задоволен што овие луѓе се тука и со тимови на владата ќе разговараат поделени во два дела, првиот е економски и тука пред се мислам на новите блокчејн технологии, на криптовалутите и можностите како „дигиталниот денар“, и второто е да видиме за дигитализацијата и дигиталната трансформација за сите овие процедури кои ги зборуваме полесно и потранспарентно да ги завршуваме. Станува збор за компании со приходи од десетици милијарди, а господинот Хауард Лутник е практично човек кој во моментот е еден од најважните 10 фактори на светскиот финансиски пазар и ние го имавме во Македонија, нагласи Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека ако овој тип на инвеститори ги имаме тука со инвестиција, ќе значи препорака за многу компании, бидејќи истите соработуваат со финансиски инвестиции со трилиони долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И официјално: Трамп е 47-от претседател на САД!
Следна Статија Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Потпишан ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО, тежок 6 милијарди евра (ВИДЕО)

Предмалку, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас во Лондон го…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Срамно е што земја членка на ЕУ се обидува да го редефинира македонскиот идентитет

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро реагираше на, како што рече, активната пропаганда во Европскиот парламент…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минусни температури утрово во цела Македонија

Утрово речиси во цела Македонија имаше минусни температури. Најстудено беше во Берово со -5 степени, додека Крива Паланка, Скопје, Маврово…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопје и утринава e меѓу 10 најзагадени градови во светот

Деновиве главниот град беше на 4 тото место по загаденост во светот. Утринава индексот на загадување на воздухот е 129…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?