Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина Дражен Далипагиќ – легендата на југословенската кошарка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Почина Дражен Далипагиќ – легендата на југословенската кошарка
СПОРТ

Почина Дражен Далипагиќ – легендата на југословенската кошарка

Објавено January 25, 2025 13:00
Сподели
Сподели

Легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ почина утрово во Белград на 73-годишна возраст по долго и тешко боледување, објави КК Партизан, клубот чиј најдобар стрелец е Далипагиќ во историјата.

Далипагиќ е најдобриот стрелец во историјата на БК Партизан, поранешен југословенски репрезентативец, легенда на светската кошарка и човек со неповторлив карактер“, стои на почетокот на клупското соопштение за смртта на легендарниот „Праја“.

Далипагиќ е роден во Мостар на 27 ноември 1951 година. Тој е член на Куќата на славните и освојувач на најголемите натпреварувања на клупско и репрезентативно ниво .

По Далипагиќ низ Партизан поминаа мноштво големи играчи и легенди на светската кошарка, но никој никогаш не се доближи до 8.278 поени. Далипагиќ го носеше дресот на Партизан од 1971 до 1980 година, како и во сезоната 1981/82 година.  Со црно-белите освои две титули (1976 и 1979 година), Купот на СФРЈ и два европски купа Радивоје Корач во 1978 и 1979 година, а со репрезентацијата на Југославија – сè“, потсетува Партизан.

Далипагиќ беше олимписки, светски и европски шампион. Тој беше избран меѓу 50-те луѓе кои придонесоа најмногу во Евролигата и меѓу 50-те најдобри играчи на ФИБА. Дражен Далипагиќ играше во синиот дрес на Европските првенства во 1973, 1975, 1977, 1979, 1981, 1983 година, на Светските првенства во 1974, 1978, 1982, 1986 година и на Олимписките игри во 1984 и 1986 година.

Тој одигра вкупно 243 натпревари од 1973 до 1986 година. На светските првенства освои злато 1978, сребро 1974 и бронза 1982 и 1986. На Олимписките игри освои злато во 1980 година, сребро во 1976 година и бронза во 1984 година. На Европското првенство освои злато во 1973, 1975 и 1977 година, сребро во 1981 година и бронза во 1979 година.

На индивидуален план Далипагиќ е добитник на бројни награди и признанија! Прогласен е за најдобар кошаркар на Европското првенство во 1977 година, а за најдобар кошаркар во Европа во 1977, 1978 и 1980 година

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија
Следна Статија Автобус на ЈСП се запали во Сопиште (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Арсенал убедлив против Атлетико, ПСЖ и ПСВ ги растурија Баер односно Наполи

Седум натпревари се одиграа во ударниот термин од 21 часот во третото коло од Лигата на шампионите. Натпреватите ги обележаа…

October 22, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ: Koрените ми се од Црна Гора, се гордеам со тоа

Поминав многу време во Црна Гора во последните четири години, најмногу во лето или пролет, кога малку се загрева на…

February 10, 2025
СПОРТ

Бостон со извонредна партија на Тејтум, ја прекина победничката серија на Лејкерс (ВИДЕО)

Победничката серија на Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа нивните најголеми ривали и актуелни шампиони во НБА, Бостон Селтикс. Бостон им…

March 9, 2025
СПОРТ

Кремонезе со спектакуларниот гол на Бонацоли го шокира Милан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Кремонезе направија големо изненадување на стартот на сезоната во Серија А. Кремонезе на Сан Сиро со 2:1 го…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?