Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина Теофил Панчиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Почина Теофил Панчиќ
БАЛКАН

Почина Теофил Панчиќ

Објавено February 4, 2025 11:15
Сподели
Сподели

На 60-годишна возраст почина Теофил Панчиќ, еден од најистакнатите новинари и писатели од поранешна Југославија. Во текот на неговата богата кариера беше препознаен како остар коментатор на општествени и политички настани, долгогодишен колумнист на неделникот „Време“, политички коментатор на Радио Слободна Европа и соработник на многубројни регионални и меѓународни медиуми.

Роден 1965 година во Скопје, Панчиќ својата младост ја поминал во неколку градови на поранешна Југославија, меѓу кои и Загреб, каде што се школувал и ја почнал својата новинарска кариера. Подоцна се преселил во Србија, првин во Белград, а потоа во Нови Сад и Земун, каде што живееше до крајот на животот. Неговите текстови се занимаваа со анализа на општеството, културата и политиката, често со изразена критичка острина. Како колумнист и есеист, Панчиќ доби репутација на остар, прецизен и бескомпромисен аналитичар и голем интелектуалец, чии зборови имаа силна резонанција во јавноста.

Покрај новинарството, значаен придонес има и во литературата. Има објавено неколку книги. Неговите есеи, критики и новинарски текстови сведочеа за промените во општеството, а неговите аналитички вештини и стил го направија еден од најпочитуваните интелектуалци во регионот.

Панчиќ во текот на кариерата доживеал и физички напади поради своите ставови, но тоа не го спречило да продолжи да пишува и отворено да ги кажува своите мислења. Како член на Независното здружение на новинарите од Војводина, тој остана доследен на своите убедувања, новинарски принципи, како и на професионалниот интегритет.

Неговото заминување остава празнина во регионалното новинарство и литературата, но и во поширокиот интелектуален простор. Преку своето пишување Панчиќ неуморно се залагаше за рационално размислување, слобода на изразување и критички однос кон општествените настани, честопати спротивставени на националистичките наративи и популизмот. Неговата способност да ги анализира и контекстуализира општествените промени беше препознаена надвор од регионот, а текстовите што останаа зад него се неизбришлива трага од неговиот придонес во општеството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пандов: Никој ништо не им смееше на групата од Диво насеље пред да дојдам, главни беа
Следна Статија Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво

Поради интервенции во механизмите на пумпата и системот за прилив-одлив на гориво, обезбедувајќи помала количина гориво од наведената, Независната управа…

May 10, 2025
БАЛКАН

Од први април минималната плата во Грција ќе биде околу 880 евра

Новата минимална плата во Грција за 2025 година се очекува да биде близу 880 евра, бидејќи се проценува дека покачувањето…

March 24, 2025
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија

Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине,…

September 26, 2024
БАЛКАН

Oбвинителството на БИХ ја прекина истрагата против Додик

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) ја прекина истрагата за напад врз уставниот поредок против поранешниот претседател на Република Српска…

November 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?