Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“ – плаќале и до 250.000 евра за убиство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“ – плаќале и до 250.000 евра за убиство
ХРОНИКА

Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“ – плаќале и до 250.000 евра за убиство

Објавено December 16, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Неколкумесечната предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител со Истражниот центар од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и МВР, вчеравечер резултираше со акција во која е разбиена криминална група, а која беше спроведена заедно со полициски службеници од МВР на подрачјето на општините Чаир, Арачиново, Шуто Оризари, Бутел и Студеничани. По барање на јавниот обвинител, а врз основа на Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје до утринава извршени се претреси на 30 локации и притоа се пронајдени поголем износ на пари, злато, огнено оружје и други предмети, а од слобода се лишени четири лица, додека едно лице само се пријавило во полициска станица. Единиците на МВР и армијата на РСМ се уште постапуваат на неколку локации во насока на пронаоѓање на доказен материјал и предмети што ќе помогнат во расветлување на случајот.

Предметниот јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 18 лица за кои постои основано сомневање дека 14 лица како нарачатели, помагачи или директни извршители сториле кривични дела Убиство, од нив 12 лица се осомничени и за кривично дело Злосторничко здружување, додека петмина и за кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Останатите четири лица се товарат за кривично дело Изнуда.

Според описот во диспозитивот на наредбата, првоосомничениот кој во моментов е на издржување на казна затвор, заедно со уште четири лица од кои две се во притвор, едно лице e лишено од слобода, a едно лице e починато, создале група со цел извршување на кривично дело убиство. Припадници на групата станале останатите осомничени, други неидентификувани лица и сега починати лица. Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки кој, каде, кога и на каков начин ќе биде ликвидиран. Притоа, одлуките ги спроведувале лично или преку други припадници на групата плаќајќи од 10.000 до 250.000 евра за убиство. Па така, во име на поддршка на радикалното движење во РСМ или заради безобзирна одмазда кон лица од спротивставена криминална група во периодот од 2020 до 2024 година во шест кривично правни настани лишиле од живот осум лица, три лица биле тешко повредени, а на три лица животот им бил во опасност.

Прибраниот доказен материјал упатува и на кривично правен настан од 2016 година кога првоосомничениот заедно со уште две лица извршиле убиство во с. Сингелиќ.

Оваа група од почетокот на 2023 година до октомври 2024 година дејствувајќи според поделени улоги со намера да прибават значителна имотна корист во повеќе наврати извршила и кривично дело Изнуда. Искористувајќи исти прилики дел од членовите на групата преземале повеќе дејствија и на особено насилен начин и сериозна закана, како и со опожарување на повеќе објекти на територија на Град Скопје изнудувале парични средства на месечно ниво, но барале и исплата на поголеми парични износи еднократно.

Од прибраниот доказен материјал произлезе дека еден од организаторите на групата кој е на издржување на казна затвор во период од јуни 2022 година до април 2023 година со умисла поттикнал на извршување на кривично дело Тешки дела против општата сигурност, бидејќи од страна на полициски службеници бил оневозможен да извршува кривични дела поврзани со лихварство и продажба на дрога во затворот. Па така, во три наврати поттикнал лица кои опожариле три возила на полициски службеници предизвикувајќи штета од поголеми размери.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети условите за четворицата лишени од слобода до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор, додека тројца од осомничените се на издржување на затворска казна, а две лица се во притвор за кривични дела од други кривично правни настани. Лицето кое само се пријави во полициска станица е со претходно определени мерки за кривично правен настан за кој се сомничи. За двајца осомничени се распишани меѓународни потерници од претходно, а шестмина се недостапни на органите на прогонот, од кои еден е недостапен од претходно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителство почна истрага за проневера во „Државна лотарија“, сакале да се офајдат со 500 милиони денари
Следна Статија Тошковски: Кривична пријава за поранешен премиер и поранешен вицепремиер, сакам да верувам дека тој што е „чист како солза“ ќе се врати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Градежен работник пронашол човечки коски во скопска Автокоманда!?

Градежен работник вчера пријавил дека при ископ во скопска Автокоманда, во општина Гази Баба, пронашол коски налик на човечки, информираше…

October 25, 2025
ХРОНИКА

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски…

October 6, 2025
ХРОНИКА

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два…

August 21, 2025
ХРОНИКА

Елитна проституција со Бразилки во Скопје

По спроведена истражна постапка, денеска предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?