Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Подрумите не смеат да се користат за туристички сместувања – Грција ги заострува правилата за издавање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Подрумите не смеат да се користат за туристички сместувања – Грција ги заострува правилата за издавање
БАЛКАН

Подрумите не смеат да се користат за туристички сместувања – Грција ги заострува правилата за издавање

Објавено January 11, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Пратениците во Грција денеска почнаа да расправаат за предложениот закон со кој ќе се заострат правилата за краткорочно изнајмување на станови на туристи, вклучително и забрана за користење на пренаменети магацини и подруми без прозорци.

Реновираните магацини, подземните простори и поранешните индустриски капацитети ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување според предложените измени, пренесува АП.

„Подрумите повеќе нема да бидат дозволени за употреба: просторите за изнајмување мора да служат како примарни простори за живеење, со природна светлина, вентилација и климатизација“, рече министерката за туризам Олга Кефалојани.

Неколку опозициски пратеници ја обвинија централно-десничарската влада дека ги игнорира социјалните трошоци и оптоварувањето на ресурсите предизвикани од порастот на туризмот и повикаа на посеопфатни ограничувања на кириите.

Дозволувате концентрација на краткорочни изнајмувања во области популарни кај туристите. Тоа драстично ги менува населбите и ги раселува постојаните жители“, изјави денеска во парламентот левичарската пратеничка Калиопи Вета.

Предлог-законот, кој исто така воведува подетални безбедносни и оперативни стандарди за изнајмување, се очекува да биде изгласан кон крајот на овој месец.

Пред една година Атина воведе забрана за нови регистрации за краткорочно изнајмување во популарните области како Колонаки, Кукаки и Егзархија, а прекршувањата се казнуваат со 20.000 евра.

Изнајмувањето за одмор помогна да се зајакне клучната туристичка индустрија во Грција, која сочинуваше 13 отсто од бруто домашниот производ на земјата во 2023 година, но исто така го зголеми притисокот врз трошоците за домаќинствата поради високите кирии, наведува агенцијата.

Владата во Атина рече дека промените имаат за цел да ги балансираат придобивките од туризмот со достапноста на становите и да понудат даночни олеснувања за сопствениците на имот кои се откажуваат од краткорочните изнајмувања. Грција очекува приходите од туризмот да достигнат рекордни 22 милијарди евра во 2025 година со проектирани 35 милиони туристи, според официјалните проценки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илјада денари помош за плаќање струја за граѓаните со ниски примања
Следна Статија Подарените хеликоптери Ми-24 од Македонија првпат забележани во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Тројца мртви и 35 повредени во тешка автобуска несреќа во Србија

Три лица загинаа, а 35 се повредени откако автобус што превезувал работници се превртел на патот помеѓу Сремска Митровица и селото…

October 18, 2025
БАЛКАН

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за…

October 26, 2025
БАЛКАН

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија денеска со јавно писмо ги поддржаа студентите во нивните протести и барања, а…

January 6, 2025
БАЛКАН

Американски војник загина на планинарење во БиХ

Американски војник загина во Босна и Херцеговина, каде што престојувал на одмор, објавија во неделата локалните медиуми по завршувањето на…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?