Погледнете го тренингот на Тајсон во пресрет на мечот: Вака не се движи нормален 58-годишник (ВИДЕО)

- Advertisement -

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (58) денеска влезе во рингот и тренираше пред публиката пред егзибицискиот меч против инфлуенсер-боксерот Џејк Пол (27). Тајсон во таа прилика изгледаше добро, брзо и силно, како што забележа коментаторот.

“Се наежив. Вака не се движи нормален 58-годишник. Неверојатно”, рече коментаторот кога видел како Мајк удира. Да потсетиме, Тајсон важи за еден од најдобрите тешкаши и најразорните ударачи во историјата на боксот кој своите први 19 борби ги доби со нокаут, од кои 12 во првата рунда.

Со само 20 години стана најмладиот шампион во тешка категорија во историјата, а тој рекорд го држи и денес. Врвот на неговата кариера беше од 1987 до 1990 година, кога ја имаше титулата светски шампион. Тепачката меѓу Тајсон и Пол е планирана за ноќта од петок кон сабота по европско време, а мечот би можел да започне околу четири часот наутро.

Сподели ја оваа статија