Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поминал 1,6 милиони километри со старо Волво, доби подарок од шведската компанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Поминал 1,6 милиони километри со старо Волво, доби подарок од шведската компанија
ЗАБАВА

Поминал 1,6 милиони километри со старо Волво, доби подарок од шведската компанија

Објавено November 16, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Џим О’Ши од Мисури стана тема на многу разговори откако со својот стар Volvo 740 извозел неверојатни 1,6 милиони километри.

Овој подвиг не само што зборува за издржливоста на возилото, туку и за истрајноста на неговиот сопственик, кој три децении бил посветен на својата цел, објави Ауто Клуб.

Пред повеќе од 30 години, Џим одлучил да купи Volvo, на големо разочарување на неговиот татко, кој тогаш бил шеф на локалниот застапник на Ford. За да ја поправи нивната врска, тој му ветил на својот татко дека со овој автомобил ќе вози милион милји (1,6 милиони километри).

Она што тогаш не го знаел е дека ќе бидат потребни три децении возење за да се реализира тоа ветување.

Во текот на годините на интензивна употреба, Volvo 740 се покажало како неверојатно сигурен. Иако никогаш не учествувал во сериозни судири, Џим признава дека неговата сопруга три пати „малку удрила“ со возилото. Оригиналниот мотор издржал дури 941.466 километри, додека менувачот бил менуван неколку пати.

Овој извонреден напор не останал незабележан. Компанијата Volvo во Америка одлучила да му врачи награда на Џим – новиот модел S60. Клучевите од возилото му ги предаде Стивен Линч, истиот човек кој му го продал неговото прво Volvo пред повеќе од три децении.

Сепак, она што многумина не го очекувале бил детал кој остана неискажан за време на церемонијата. Новиот автомобил не е целосно во сопственост на Џим О’Ши – возилото му е дадено на употреба две години, по што мора да го врати во застапништвото.

Интересно е и тоа што, иако неговиот Volvo 740 поминал 1,6 милиони километри, ова возило не е рекордер кога е во прашање најголемата километража. Рекордот моментално го држи црвениот Volvo P1800 од 1966 година, кој поминал неверојатни 5,23 милиони километри.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
Следна Статија Мицкоски најави две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(Видео) Трамп и Илон Маск танцуваа на Денот на благодарноста

Доналд Трамп им се придружи на милиони Американци кои го прославија Денот на благодарноста на 28 ноември. Трамп го прослави…

December 2, 2024
ЗАБАВА

Македонец е ѕвезда во новиот спот на Лејди Гага

Мајкл Дамески си оствари голем сон, танцувајќи со Лејди Гага во нејзиниот спот за новата песна „Abracadabra“. 29-годишниот Австралиец, кој…

February 7, 2025
ЗАБАВА

МПЦ: Утре е Воведение на Пресвета Богородица

Воведение на Пресвета Богородица Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја…

December 3, 2024
ЗАБАВА

(Видео) Џим Кери ја прекина својата пензија поради неговата позната улога: „Искрено, ми требаат пари“

Иако неодамна објави дека се пензионира, Џим Кери одлучи да се врати на актерството. Во филмот Sonic The Hedgehog 3,…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?