Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поради скандалозни изјави се најде на столбот на срамот, има девет деца, а бившата му земала половина од богатството: Мел Гибсон го слави 69-от роденден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Поради скандалозни изјави се најде на столбот на срамот, има девет деца, а бившата му земала половина од богатството: Мел Гибсон го слави 69-от роденден
ЗАБАВА

Поради скандалозни изјави се најде на столбот на срамот, има девет деца, а бившата му земала половина од богатството: Мел Гибсон го слави 69-от роденден

Објавено January 3, 2025 21:40
Сподели
Сподели

Холивудскиот актер Мел Гибсон во текот на животот го следеа бројни скандали, но тој и понатаму е на врвот на листата на најуспешни и најпопуларни актери и режисери.

Актерот Мел Гибсон е роден во предградијата на Њујорк како шесто од единаесетте деца, а набргу потоа се преселил во Австралија каде ја започнал својата актерска кариера.

Мел Гибсон се прослави со улогата во „Лудиот Макс“, а улогата за малку не ја доби бидејќи вечерта пред аудицијата се скара со тројца мажи, па целото лице му беше деформирано. Откако воодушеви многумина со филмовите „Баунти“, „Смртоносно оружје“ и „Хамлет“, тој се пресели во режисерските води.

За филмот „Храбро срце“ во 1995 година доби два Оскари, за најдобра режија и најдобар филм. Речиси десет години подоцна, тој го режираше The Passion, филм за последните 12 часа од животот на Исус Христос.

Гибсон со години се бореше со алкохолизмот. Тој беше обвинет и за хомофобични изјави, а неговото оправдување беше дека бил пијан кога изговарал недолични зборови. Во јавноста излезе видео на кое ја навредува својата поранешна девојка, исто така мајка на едно од неговите деца Оксана Григориева. Имаше и неколку сообраќајни несреќи, ги навредуваше Евреите бидејќи смета дека тие се виновни за сите војни што се случија во светот…

И покрај тоа, многумина сè уште го креваат, а Гибсон се обидува да ги заборави лошите моменти од минатото и да се посвети на семејството. Тој беше во брак со Робин Мур од 1980 до 2011 година. Странските медиуми истакнуваат дека Гибсон и Робин, која е медицинска сестра, не се заедно од 2006 година, но таа официјално побарала развод дури во 2009 година. Со оглед на тоа што пред венчавката не потпишале никаков предбрачен договор, Робин добила половина од богатството на Гибсон по разводот.

Актерот со неа има седум деца – ќерката Хана и синовите Кристијан, Едвард, Вилијам, Луис, Мајло и Томас. Подоцна со руската кантавторка Оксана ја доби ќерката Лусија, а од 2014 година е во хармонична врска со Розалинд Рос, со која во 2017 година го доби синот Ларс. Така Гибсон има девет деца.

Актерот денеска го слави својот 69-ти роденден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Телата на загинатите во несреќата кај Рашче дадени на обдукција
Следна Статија Apple ќе плати 95 милиони долари на луѓето кои биле шпионирани од Siri

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Fire Emblem: Патеката на Радијанса пристигнува во Nintendo Класиците!

Обожавателите на класичните RPG игри ќе можат да уживаат во епското патување на легендарната игра

January 10, 2026
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Џеј Ло пееше во Ријад и ги воодушеви обожавателите

Џенифер Лопез (55) имаше спектакуларен настап на ревијата 1001 Seasons of Elie Saab, која се одржа во главниот град на…

November 15, 2024
ЗАБАВА

(Видео) Инцидент на црвениот тепих: Никол Кидман ја турна Салма Хајек

На интернет стана вирално видео од незгодниот момент помеѓу Никол Кидман и Салма Хајек на овогодинешната модна недела во Париз.…

October 15, 2024
ЗАБАВА

Морето исфрлило на брегот чудно суштество, изгледа како вонземјанин (ФОТО)

Корисниците на социјалните мрежи останаа шокирани од фотографиите на „чудно суштество со пипала“, кое морето го исфрли на брегот на…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?