Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешната директорка на „Отворено општество“ стана потпретседателка на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Поранешната директорка на „Отворено општество“ стана потпретседателка на СДСМ
ПОЛИТИКА

Поранешната директорка на „Отворено општество“ стана потпретседателка на СДСМ

Објавено November 24, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Фани Каранфилова Пановска денеска е избрана за нова заменик претседателка на СДСМ, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30. конгрес.

Таа е човек со кој јас се познавам долго време, и знам дека ги носи во себе и цврсто верува во социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации, најмногу во Фондацијата „Отворено општество“ и соработувала со други правни субјекти кои ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија, рече Филипче.

На конгресот, на кој присуствуваа 536 од 626 нови делегати, беше избран Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата ќе избрано и целото ново раководство на СДСМ.

Првиот состанок на новиот Централен одбор ќе се одржи во текот на оваа недела и тука ќе бидат избрани членовите на новиот Извршен одбор, потпретседателите и секретарите на партијата, со што во текот на оваа недела се заокружува целокупниот процес на поставување на новото партиско раководство, рече Филипче.

Без да соопшти детали кои се лицата што ќе бидат дел од партиското раководство, лидерот на СДСМ рече дека тоа ќе бидат млади, енергични лица кои досега не биле на ниту една висока партиска функција и дека тоа најверојатно ќе биде соопштено до крајот на неделата во четврток или во петок.

Запрашан зошто на конгресот не беше присутен Зоран Заев, поранешен лидер на партијата, рече дека тој не бил физички присутен тука.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ избра нов Централен одбор, ова се членовите
Следна Статија Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски од Росоман: Ќе ме распарчеле и спакувале во куфер, па велат дека не ме мразат туку ме презираат

Во кампањата треба да направиме и еден рекапитулар на се она што е сработено во изминатиот период и да се…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки?

Владата на СДС и ДУИ преку МЗШВ, конкретно Љупчо Дон Николовски работела со голем број нерегуларности, сомнежи за криминал и…

October 5, 2024
ПОЛИТИКА

Митески: Го исчистивме целото ѓубре и во Дрисла депониравме 600 тони отпад

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше кандидатот за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан…

October 28, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ доминира во Советот на Град Скопје со 18 мандати, Левица, Влен и ДУИ имаат по 6

ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови во Советот на Град Скопје, вкупно 35,15 отсто, или 81.649 гласови. Со тоа, бројот на…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?