Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
БАЛКАН

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат

Објавено January 6, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија денеска со јавно писмо ги поддржаа студентите во нивните протести и барања, а списокот на потписници постојано се дополнува.

„Почитувани граѓани и граѓанки на Србија, ние, наставниците, соработниците и истражувачите на универзитетите низ Србија, одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, велат универзитетските професори во Србија.

Тие ги осудија обидите на власта да ги заплаши колешките и колегите студентки и студенти преку јавно споделување на нивните приватни податоци, со ширење невистини за нив, како и со испраќање полицајци и агенти на Безбедносно-информативната агенција на нивната и на адресата на нивните родители.

„Повторно апелираме до надлежните органи совесно и одговорно да си ја вршат работата“, порачаа професорите.

Студентите пред повеќе од еден месец почнаа да блокираат повеќе од 60 факултети низ Србија, како и две универзитетски централи. Тие бараат објавување на комплетната документација поврзана со урнувањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, што се случи на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, отфрлање на кривичните пријави против студентите и активистите уапсени на протестите, како и прекинување на постапката.

Српската влада ги осудува протестите и блокадите што повеќе од еден месец се одржуваат во градовите низ државата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Воената полиција совлада маж вооружен со нож пред канцеларијата на белгискиот премиер
Следна Статија Ракометарите ќе добијат по милион денари за секоја победа на СП!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

OFAC: Укинати санкциите на САД за 46 лица од БиХ и Република Српска, меѓу нив е и Додик

Милорад Додик, претседател на СНСД, Жељко Цвијановиќ, српски член  на Претседателството на БиХ, и други беа отстранети од црната листа…

October 29, 2025
БАЛКАН

Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините, линијата може да остане затворена два месеци

Товарен воз излета од шините вчера доцна навечер во областа Кукуш во северна Грција додека се движеше на релација Гевгелија-Солун,…

February 12, 2025
БАЛКАН

Во Црна Гора се воведуваат првите затворски казни за лажни дипломи

Заострувањето на казнената политика кога станува збор за поседување лажни или невистинити образовни документи резултираше со првите затворски казни за…

December 25, 2025
БАЛКАН

Се огласи српското МВР по киднапирањето на Кајмакоски – во потерата биле вклучени сите единици

Српското Министерство за внатрешни работи ги потврди сите детали за драматичното киднапирање на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски (43). Во опсежното…

February 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?