Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повеќе полиција отколку македонски Бугари: Само десетина луѓе се собраа во чест на Мара Бунева
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Повеќе полиција отколку македонски Бугари: Само десетина луѓе се собраа во чест на Мара Бунева
МАКЕДОНИЈА

Повеќе полиција отколку македонски Бугари: Само десетина луѓе се собраа во чест на Мара Бунева

Објавено January 12, 2025 19:00
Сподели
Сподели

Повеќе полиција отколку почитувачи на ликот и делото на Мара Бунева.

Само десетина македонски граѓани со бугарска самосвест денеска учестуваа на панихидата во чест на Мара Бунева. Не беа расположени да говорат пред камерите, само кратко кажаа дека сакале да влезат во Уставот.

-Македонија си е држава, меѓутоа има и македонски Бугари… Епа тоа, месните ние овде што се собираме, тоа сме си македонски Бугари, кога ќе не еден ден стават во Уставот, се ќе си дојде на свое место… Па очекуваме, не дај Боже да не биде… Скоро време, тоа е природен процес, мора да биде тоа така, само ние не сме во Уставот, вели еден македонски Бугарин.

Дел пак воопшто не сакаа да говорат пред медиумите.

-Не сакам да ви давам интервју… Затоа што не сакам, ви благодарам, кажа една жена.

Иако имаше само десетина граѓани, настанот во друго светло се обиде да го претстави првиот човек на Фондација Македонија од Софија, Виктор Стојанов. Тој има забрана за влез во Македонија, но на социјалните мрежи порача дека и покрај студот и снегот, македонските Бугари се собрале да дадат почит за Мара Бунева.

За разлика од претходните години кога и бугарските политичари доаѓаа во Скопје за овој настан, оваа година немаше ниту еден. Го немаше ниту лидерот на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов, кој пред само неколку дена побара припојување на Македонија кон Бугарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицајци ја пронашле малолетничката од Скопје по која се трагаше
Следна Статија Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„500 илјади заложници на една личност – Данела Арсовска“: Граѓански протест пред Град Скопје

Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави за помошта за Кочани

Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави што пружија помош по трагедијата во Кочани. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам

Со официјалното пуштање во употреба на Системот за заедничка гранична контрола на патници и стоки со едно застанување (One stop…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски во Кочани, го одложи патувањето за Подгорица на Самит на ЕПП

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски го одложи патувањето за Подгорица, каде утре се одржува самитот на ЕПП. Мицкоски ќе побара одлагање…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?