Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повторно вандализам во Капиштец: Малолетници фрлаа петарди, кршеа се пред себе, се тепаа, Герасимовски бара итна реакција од полицијата (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Повторно вандализам во Капиштец: Малолетници фрлаа петарди, кршеа се пред себе, се тепаа, Герасимовски бара итна реакција од полицијата (ВИДЕО)
МАКЕДОНИЈА

Повторно вандализам во Капиштец: Малолетници фрлаа петарди, кршеа се пред себе, се тепаа, Герасимовски бара итна реакција од полицијата (ВИДЕО)

Објавено December 15, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Mалолетници синоќа повторно се однесувале вандалски во населбата Капиштец. Група малолетници кршеле шишиња, фрлале петарди и предизвикувале тепачки, со што директно го загрозуваат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.

„Ова не е изолиран инцидент, туку континуиран проблем кој бара итна реакција. Како одговорни граѓани, веќе поднесовме пријава до надлежните институции и апелираме до Министерството за внатрешни работи веднаш да преземе мерки за справување со овие недолични активности и да поведе детална истрага”, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Очекува брза и ефикасна реакција со цел да се спречи некоја поголема трагедија. И претходно, млади лица уништуваа урбана опрема, а потоа обија и возеа багер.

Поради тоа, Општина Центар поднесе иницијатива до ЗЕЛС со која бара под итно да се донесат законски измени со цел да се спречи понатамошна ескалација на вандализмот. Во иницијатива од ЗЕЛС се бара да ја достави иницијативата до сите надлежни институции, Влада, МВР, Министерство за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа, Министерство за правда, МОН, Служби за пробација, надлежните судови, НВО за да се формира работна група од која ќе произлезат законски измени за оваа негативна општествена појава.

– Бараме под итно сите надлежни да седнат на иста маса. Мораме заедно да ги разгледаме сите можности за законски и други начини како да се справиме со вандализимот на малолетните лица кои се почесто предизвикуваат инциденти со кои се нарушува безбедноста – истакнал Герасимовски.

Општина Центар предлага законски измени не само во делот на зголемување на казните за оштетување урбана опрема, туку и воведување општествено одговорна работа каде што би се вклучиле и децата и родителите за да се подигне свеста за оваа појава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се запали новогодишната елка кај ТЦ „Бисер“
Следна Статија (Видео) Судир на танкери во Црното Море, едниот се преполови по ударот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во денешната несреќа во Нови Сад. – Нашите…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонците не губат сон поради изгубените пари на УСАИД

Македонците не губат сон поради изгубените долари од програмите на УСАИД, а всушност, некои и искрено слават што програмите се…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на…

November 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Заедно со идниот градоначалник Проданоски ќе ги продолжиме инфраструктурните проекти, ќе се гради автопатот од Прилеп до Фариш

Власта активно работи да се завршат големите инфраструктурни проекти, експресниот пат Градско, преку Дреново и Фариш, како и автопатот од Прилеп…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?