Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица, нема поголемо демократско право од тоа дијаспората да учествува во изборен процес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица, нема поголемо демократско право од тоа дијаспората да учествува во изборен процес
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица, нема поголемо демократско право од тоа дијаспората да учествува во изборен процес

Објавено June 12, 2025 12:17
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица, изјави претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со предложените измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, поднесени од Либерално-демократската партија.

Тој при тоа го повтори партискиот став дека ќе поддржат предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората. Како што рече, „нема поголемо демократско право од тоа дијаспората да учествува во изборен процес за парламентарни и претседателски избори“, откако пратеничка од опозицискиот Европски фронт,  рече, ја обвинила Владата дека не се грижела за дијаспората со новиот Закон за локална самоуправа и го ускратувала правото.

Еве, ние сме за тоа да имаме една изборна единица и да може да учествуваат тие во еден таков изборен процес. Да немаме трошоци, да немаме повеќе изборни единици, да имаме една и, практично, сите гласови да се влеваат во една изборна единица, и на резидентното население, но и на дијаспората што ќе сака да учествува. Дури отидовме и чекор понапред и рековме – досега се гласало во дипломатско-конзуларните претставништва, но има држави кои дозволуваат да се постават гласачки кутии/места и надвор од ДКП-та, односно екстериторијални, дури рековме и за тоа сме „за“. Така што, ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме никаков проблем да поддржиме една изборна единица, рече претседателот на Владата при денешната посета на Машинскиот факултет на УКИМ.

Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од претседателката и пратеничка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица, денеска е на дневен ред на 53. седница на Собранието.

Според образложението, предложените измени за оведување на една изборна единица се со цел да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба; Воведување на преференцијално гласање – со цел да им се овозможи на избирачите поголемо влијание врз изборот на поединечни кандидати на изборните листи и да се зголеми одговорноста на избраните претставници; Поголема застапеност на помалите политички субјекти – преку правично претставување согласно реалната добиена поддршка на национално ниво и Јакнење на довербата во изборниот процес – преку транспарентност, правичност и зголемена отчетност на политичките актери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се зголемија шансите астероидот „Убиец на градови“ да удри во Месечината во 2032 година
Следна Статија Објавена листа на најдобри појадоци во светот: Македонскиот зелник на 20. место

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бугарија да ги отвори вратите за ЕУ, изјави Муцунски во Софија

Македонија е „заложник на неточна и непринципиелна блокада“ на патот кон Европската унија. Ова го изјави министерот за надворешни работи…

June 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата реагираше навремено и одлучно за да ги ублажи директните удари врз граѓаните и економијата

Живееме во време на длабоки и брзи глобални промени. Време во кое економските текови, финансиските пазари и безбедносните предизвици се…

March 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Или си со СДСМ или не си!“ порака од Филипче до Црвенковски по објавените фотографии со градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и со кандидатка од ЗНАМ

Или си СДСМ или не си, одговори лидерот на СДСМ Венко Филипче на прашањето да ги коментира фотографиите објавени на…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски во Анталија: Вложувањето во младите е директна инвестиција во иднината на регионот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на неговиот турски домаќин, Хакан Фидан, учествуваше на…

April 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?