Пожар во магацин на Железници во Кисела Вода, горат стари вагони

- Advertisement -

Пожар избувана во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт во Кисела Вода.

Пожарот избувнал уште ноќеска, а пожарникарите сѐ уште се обидуваат да се справат со огнените јазици.

Екипите во моментов се обидуваат да ги извлечат запалените вагони и да ги гаснат надвор на отворено.

Присутни се и инспектори од МВР, ќе се прегледуваат надзорните камери за да се утврди што се случило.

Сподели ја оваа статија