Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пратеничките групи на партиите од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пратеничките групи на партиите од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието
ПОЛИТИКА

Пратеничките групи на партиите од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Објавено February 7, 2025 12:14
Сподели
Сподели

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието.

-Дополнително, сакам да потсетам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година и тој не беше усвоен од страна на Сoбранието. Тоа доволно говори и е само една од многуте причини поради која што денеска ја поднесуваме оваа интерпелација. Европската унија и јавноста во Република Македонија постојано укажуваат на сериозни недостатоци во работата на Судскиот совет, особено во односот на независноста, транспарентноста и отчетноста. Овие забелешки се од клучно значење за процесот на реформи во рпавосудствниот сектор и напредок на земјата кон членството во ЕУ, рече на денешната прес-конференција Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцира дека досега очекувале Судскиот совет сам да покрене иницијативи за разгледување на Извештајот.

-Имено член 100 став 8 од Законот за Судски совет предвидел дека доколку Собранието на Република Македонија не го усвои Извештајот за работата на Судскиот совет а тој истиот не е усвоен, тоа ќе биде основа за поведување расправа пред органите кои што ги избрале членовите на Судскиот совет за нивната работа во Советот. Имено, согласно тој член сами требале да ја почнат работата за разгледување на негативниот извештај кој дошол од Собранието, кој бира пет од 13-те членови од самиот Совет. Мораме да најдеме некој тригер да почнеме со одредена иницијатива, нас законот ни го дава за дел од членовите кои што ние ги имаме избрано во Собранието, затоа што на начинот на кој што се избрани истите тие претставници кои ги бираат имаат право да разговараат и да зборуваат за нивната работа. по изгласувањето на интерпелациите, ќе ги видиме следните чекори од страна на Судскиот совет, рече тој.

Според Мицевски, решавањето на овие предизвици е непходно за враќање на довербата во судскиот систем и за зацврстување на владеењето на правото.

-Судскиот совет кој што е клучна инситуција за функционирањето на правната државаи одржувањето на владеењето на правото во Македонија. Затоа, секоја сенка на сомнеж во работата на неговите членови мора да биде темелно анализирана, а јавноста треба да биде уверена дека Советот работи чесно, професионално и во интерес на граѓаните. Наша цел е да дадеме придонес и да направиме се што е во рамките на нашите уставни и деловнички надлежности и можности за да овозможиме подобар, поефикасен и независен правосуден систем кој што ќе значи и ќе донесе голема правда за секој еден граѓанин на Македонија подеднакво, рече Мицевски.

Упати порака дека е време за да воведе ред во руинираниот македонскиот правосуден систем преку сериозни реформи и коренити промени кои, како што рече, „ќе значат почеток на крајот на досегашните злоупотреби, неправди, разочарувања и негативни пракси во судството во Македонија“.

Побара поддршка од сите опозициски парламентарни партии и сите други пратеници за овие измени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Дојавите за поставени бомби во училиштата се лажни, а заканите се добиени на приватни мејлови кои не треба веќе да се користат
Следна Статија Мицкоски за дојавите за бомби во училиштата: Хибридни напади, директорите и полицијата ќе добијат протокол

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Реформите на Филипче се само празна реторика

СДС е на стаклени нозе и само продолжува да тоне. Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните…

November 9, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски оствари средба со Борјана Кришто: Понудив помош и изразив искрено сочувство за жртвите и настраданите од невремето во БиХ

Премиерот Христијан Мицкоски денес оствари средба со Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), Борјана Кришто. -При…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за правда, Игор Филков, да…

November 18, 2025
ПОЛИТИКА

Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбол на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“, најави визионерски план за пренамена на Градскиот…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?