Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Препораки од здравствени работници пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Препораки од здравствени работници пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства
МАКЕДОНИЈА

Препораки од здравствени работници пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства

Објавено December 27, 2024 08:26
Сподели
Сподели

Умерено со алкохолот, редовна терапија за хроничните болни, воздржување од разни пиротехнички средства и оружје, препорачуваат здравствените работници, во изјава за МИА, пред новогодишните и божикните празници.

– Редовно земање на терапија кај хроничните болни, умерено користење на алкохолни пијалаци за да се избегнат несаканите последици – алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, велат од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.

Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не консумира алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје за да се избегнат несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Службата на итната медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, ги известува сите граѓани дека за време на новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На новогодишната ноќ (31.12.2024), достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници, во поликлиниките – Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

Исто така, со секојдневното работно време, ќе функционира и единицата за домашна посета.

Се надеваме на беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, како би можеле новогодишните празници да ги дочекаме  во весело и пријатно расположение за сите, подвлекоа од Здравствен дом – Скопје, апелирајќи, да се повика Итна медицинска помош, кога е најпотребно, честитајќи ги празниците. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бегал од полицијата, па предизвикал сообраќајка
Следна Статија Луѓе од научни установи им се заканувале на вработени во МОН – министерството затвори пет приватни институти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Повеќе општини пријавиле штети како последица од невремето попладнево

Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на Македонија, во повеќе општини има пријавено штети. РЦУК – Скопје,…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полицајците на протест – бараат транспаретна истрага за нивните колеги осомничени за „Пулс“

Под паролата „Први за осуда Последни за почит, Независниот синдикат на полицијата денеска излезе на протест за да изрази револт…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Пораки за македонскиот јазик ќе праќаат и по мене и по нас, оти додека нè има, ќе го има и него: јазикот наш насушен

Денеска, на 5 Мај, праќаме важни пораки за македонскиот јазик до сите Македонци, каде и да се, до познавачите и…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?