Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година

Објавено November 4, 2024 18:04
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на Eвропскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ во Солун, Грција.

Во своето обраќање на настанот, претседателката Сиљановска Давкова рече дека студирањето на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ во Солун, е вистински интелектуален и животен предизвик за секој млад човек решен да го продлабочи знаењето, да ги прошири видиците надвор од татковината, витешки да се натпреварува и да другарува со младите од различни држави и култури, да учи од еминентни професори, да се усовршува и облагородува.

„Продолжете ја мисијата на претседателот Трајковски во градењето на разбирање, пријателство, добрососедство и соработка, во случајов преку образовна, научна и културна дипломатија меѓу двете држави. Докажете дека образованието и знаењето зближуваат, а не делат“, истакна Претседателката.

На добитниците на стипендии, Претседателката им порача дека двојната диплома како круна на успешното студирање ќе ги направи посигурни во себе, ќе ја зголеми нивната самопочит и ќе им отвори многу врати за професионален ангажман и ќе ја поттикне образовната мобилност.

„Сигурна сум дека вашиот избор за стипендисти не е случаен, туку заслужен. Верувам и посакувам да бидете пример за идните студенти како што претседателот Трајковски беше и остана инспиративен пример на политички лидер со дигнитет, интегритет и духовна длабочина!“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Поздравувајќи ги стипендистите, министерката за образование и наука, Весна Јаневска истакна дека стипендијата „Борис Трајковски“ е добра можност студентите да добијат двојна диплома: од Универзитетот Јорк и од Универзитетот во Стразбур, а за време на студиските престои во Велика Британија, Франција и Грција да бидат дел од нови, динамични средини, да учат, но и да се дружат со млади кои доаѓаат од различни култури создавајќи трајни пријателства.

„Како држава ја поддржуваме образовната мобилност и политиките на Европската Унија за справување со одливот на мозоци, а Владата, преку мултиресорски пристап, креира мерки и активности за да се намали заминувањето на кадрите кои нам ни требаат“, нагласи министерката Јаневска.

Посакувајќи им добредојде на стипендистите на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ, директорот Јоанис Верверидис истакна дека извршната МБА е меѓународна програма, испорачана од меѓународни професори од висок калибар, чија цел е подобрување и развој на нивните лидерски и менаџерски вештини.

„Наша цел е да ви понудиме уникатно меѓународно образовно искуство што ќе ви овозможи да се остварите и да напредувате во глобалното опкружување и да направите разлика во општеството и економијата на вашата земја и на целиот регион, придонесувајќи за јавното добро“, нагласи директорот Верверидис.

Стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус на извршната МБА програма се доделуваат од 2003 година и досега се доделени 297 стипендии. Доделувањето на овие стипендии е резултат на успешната соработка меѓу Претседателот, Министерството за образование и наука, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и СИТИ КОЛЕЏОТ во Солун. Годинешните стипендисти ќе се стекнат со две дипломи за мастер студии по деловна администрација и тоа од Универзитетот Јорк, Обединетото Кралство и од Универзитетот во Стразбур, Франција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество
Следна Статија ПИОМ е узурпиран и во катастрофална состојба со над 400 тужби од вработените и кривични против претходни директори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Цветановски за „Нова Македонија“: Коцевски побара од мене да донесам незаконска одлука за бонусите на СЈО

Не сакав да ја сменам одлуката за незаконските бонуси на СЈО, па бев суспендиран, вели во интервју за „Нова Македонија“ јавниот обвинител…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска се слават Светите маченици Козма и Дамјан

Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ина Многуфина по пожарот во Трубарево: „Ова е период од годината кога Скопје треба да мириса само на ајвар…“

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина се огласи по пожарите кои изминативе неколку дена го угушија градот. Таа во својот Фејсбук статус…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Четири телевизии го прекршиле изборниот молк на повторените локални избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска излезе со официјална потврда дека четири национални медиуми ги прекршиле законските…

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?