Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Примале хонорар а живееле во странство – директор на ЈКП „Гази Баба-2007“ обвинет за проневера
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Примале хонорар а живееле во странство – директор на ЈКП „Гази Баба-2007“ обвинет за проневера
ХРОНИКА

Примале хонорар а живееле во странство – директор на ЈКП „Гази Баба-2007“ обвинет за проневера

Објавено January 16, 2025 15:00
Сподели
Сподели

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година, како службено лице – в.д. директор на ЈКП „Гази Баба – 2007“, со намера за друг да прибави противправна имотна корист присвоил пари доверени во службата. По претходна одлука на Управниот одбор на јавното претпријатие за ангажирање невработени лица за вршење јавни работи за потребите на Општина Гази Баба, обвинетиот склучил договори со седум лица. Договорите биле заведени под ист деловоден број и имале потпис само од обвинетиот. Притоа, иако за нив водел евидентни листови кои обвинетиот лично ги потпишувал, наводно ангажираните привремени работници не работеле во ЈКП „Гази Баба – 2007“, а на одредени датуми за кои примале хонорар всушност се наоѓале надвор од границите на државата. За тоа време тие биле уредно водени дека ги извршуваат ангажманите за кои склучиле договори и им се исплаќал паричен надоместок, кој во вкупен износ за сите седум лица достигнал 880.516 денари, информираат од ОЈО и додаваат:

-Имајќи ја предвид пред се сериозноста и тежината на кривичното дело кое му се става на товар, запретената казна и останатите прилики, надлежниот јавен обвинител до Судот заедно со обвинението достави и посебен предлог со кој побара спрема обвинетиот да бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај службено лице и привремено одземање на патната исправа, се вели во соопштението од ОЈО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За три пати зголемен бројот на заболени од грип
Следна Статија Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Голема полициска акција во Валандово: Запленети четири тони марихуана

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР…

December 13, 2024
ХРОНИКА

Поднесено обвинение за 16 лица во предметот „Премин“: Цариници на Дојран и Ново Село примале поткуп, еве колку пари се пронајдени

По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име Премин, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични…

January 10, 2025
ХРОНИКА

Млад мотоциклист загина на патот Дебар – Струга

Мотоциклист денес загина на патот Дебар кон Струга. Сообраќајна несреќа се случи околу 14:30 часот во близина на селото Отишани.…

May 4, 2025
ХРОНИКА

Кешишев за сменетата ИЗЈАВА: Палчо ми ја даде да ја препишам и да ја потпишам!

Адвокатот на Влатко Кешишев денеска побара појаснување за изјавата што обвинетиот Кешишев ја достави до судот на претходното рочиште. Денеска…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?