Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Принц Вилијам: Ова беше најтешката година во мојот живот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Принц Вилијам: Ова беше најтешката година во мојот живот
ЗАБАВА

Принц Вилијам: Ова беше најтешката година во мојот живот

Објавено November 8, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Принцот од Велс ја опиша изминатата година како „најтешката година“ во неговиот живот.

Зборувајќи со новинарите на крајот од неговата посета на Јужна Африка, принцот Вилијам говореше за тоа како се снашол откако и на неговата сопруга и на неговиот татко им бил дијагностициран рак.

– Беше страшно. Веројатно беше најтешката година во мојот живот. Така што беше многу тешко да поминам низ сè друго и да одржувам сè на вистинскиот пат, рече тој одговарајќи на новинарско прашање каква му била годината која беше тешка за кралското семејство.

Бакингемската палата во февруари соопшти дека кралот има рак и оти ќе почне со лекување. Само шест недели подоцна беше објавено дека принцезата од Велс е подложена на хемотерапија по дијагностициран рак.

Оттогаш, кралот се врати на јавните должности, а Кејт го заврши лекувањето со хемотерапија.

– Многу сум горд на мојата сопруга, горд сум на мојот татко за тоа како се справија со работите … Но, од лична семејна гледна точка, тоа беше брутално, рече Вилијам.

Принцот од Велс беше во Јужна Африка на церемонијата на доделување на наградите Earthshot.

Принцот од Велс беше во Јужна Африка на церемонијата на доделување на наградите Earthshot.

Во средата вечерта, пет проекти освоија по еден милион фунти парична награда за нивните еколошки иновации.

Тој исто така беше прашан за улогата на принцот од Велс и дали му се допаѓа слободата и одговорноста што ги носи.

– Тоа е незгодно прашање. Дали ми се допаѓа поголема одговорност? Не, рече тој.

– Дали ми се допаѓа слободата што можам да изградам нешто како Earthshot, тогаш да. И тоа е иднината за мене. Многу е важно со мојата улога и мојата платформа, да правам нешто за добро. Да им помагам на животите на луѓето и да правам нешто што е навистина значајно, рече британскиот принц. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп со низа поволности и 6 пати повисока плата од просечната во САД
Следна Статија Поевтино е и поквалитетно: Повторно фатен шверц на македонско гориво за Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Саша Поповиќ погребан со оваа тамбурашка песна

Основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, кој почина на 1 март во Париз по кратко и тешко…

March 6, 2025
ЗАБАВА

(ФОТО) Да се знае кој коси кој вода носи

Новак Ѓоковиќ повторно ја покажа својата духовита страна на социјалните мрежи! На својот TikTok профил, тој сподели видео од себе…

July 10, 2025
ЗАБАВА

Караванот „Македонијо, во срце те носиме“ патува за Штип

По незаборавните вечери во Охрид и Делчево, музичкиот караван Македонијо, во срце те носиме сега патува кон градот под Исарот,…

September 2, 2025
ЗАБАВА

Се огласи адвокатот на Ана Ивановиќ по разводот со Швајнштајгер: Откриено е што точно предизвикало распад на бракот

Еден од најомилените спортски парови во светот, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, одлучија да го прекинат својот брак по девет…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?