Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор доби кумановската инспекторка која беше фатена како прима мито од 4000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор доби кумановската инспекторка која беше фатена како прима мито од 4000 евра
ХРОНИКА

Притвор доби кумановската инспекторка која беше фатена како прима мито од 4000 евра

Објавено November 2, 2024 20:50
Сподели
Сподели

Основниот суд Куманово по предлог на обвинителството определи притвор во траење од триесет дена на градежната инспекторка која вчера беше уапсена при примање мито, соопшти денеска ЈОРСМ.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишна осомничена, за која постои основано сомнение дека во својство на службено лице, градежен инспектор сторила кривично дело „Примање поткуп од член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик“. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот е прифатен и судот со решение и определи притвор во траење од 30 дена.

Истрагата е поведена бидејќи осомничената на 1 ноември, во еден ресторан во Куманово, во својство на службено лице, градежен инспектор во Општина Куманово, сектор за градежен инспекциски надзор, побарала и примила подарок за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши со што прибавила поголема имотна корист. Уште во текот на август годинава таа извршила увид на самото место на градба лоцирана на улицата „Доне Божинов“ и констатирала отстапување од одобрението за реконструкција на објект. Наместо согласно своето службено овластување да изготви записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на доградените делови на објектот, од оштетениот изведувач на градбата директно побарала да и даде поткуп во износ од 1.500 евра, велат од обвинителството.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека откако во септември, пријавената била разрешена од функцијата, раководител на градежна инспекција и била назначена за овластен инспектор отишла во контрола на друг објект во изградба каде управител на фирмата изведувач повторно бил оштетениот.

И таму констатирала неправилности во фаза на градба-отстапување на одобрение за градење, но повторно не составила записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на констатираните недостатоци на градбата, туку се сретнала со оштетениот и побарала поткуп дополнително уште 2.500 евра или вкупно 4.000 евра за двата објекти. Парите и биле исплатени во целост во готовина на рака на 1 ноември, годинава, со што пријавената се стекнала со противправна имотна корист, велат од обвинителството.

Полицијата вчера ја уапси инспекторка од Куманово при примање мито.

На 25 септември, годинава граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1.500 евра, за да на 31 октомври, годинава ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра. По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки. На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово, информираа вчера од полицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Синот на Трамп ја нападна Џенифер Лопез: „Ја слушате девојката на Пи Диди“
Следна Статија (ФОТО) Мисајловски: Воените хеликоптери М-8 кои беа на ремонт во Чешка пристигнаа во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Финансиска полиција го уапси Борче Марковски, кој вртеше милиони евра од РЕК Битола

Неофицијално дознаваме дека е уапсен конзул на странска држава и директори од РЕК, и дека станува збор за Борче Марковски…

October 9, 2025
ХРОНИКА

Извршени распит и претрес на Сашо Дранго, се вештачи и мобилниот телефон

Во рамките на постапката во Основното јавно обвинителство Битола се преземаат дејства во предистражна постапка за случајот со пријавениот Сашо…

March 5, 2025
ХРОНИКА

17-годишно момче со десет убоди сакало да го убие својот татко, тој е во критична состојба

17-годишен малолетник е осомничен за обид за убиство на својот татко во семејниот дом на улицата Христијан Тодоровски Карпош во…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец со „мерцедес“ му го прегазил стапалото на полициски службеник

Во СВР Скопје, синоќа околу 20.05 часот е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?