Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор за штипјаните кои запалија автомобил како дел од многуте закани и изнуди кон едно семејство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор за штипјаните кои запалија автомобил како дел од многуте закани и изнуди кон едно семејство
ХРОНИКА

Притвор за штипјаните кои запалија автомобил како дел од многуте закани и изнуди кон едно семејство

Објавено January 10, 2025 11:40
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Штип донело наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела изнуда од член 258 став 1 и предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, како што денеска соопштија од Јавното обвинителство, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства.

Соочен со сериозни закани кон сопствениот и животите на членовите на своето семејство, оштетениот ги пријавил осомничените, по што на 4 јануари била организирана средба за да им предаде 30.000 денари. Полициски службеници ги затекнале при обидот да ги преземат паричните средства и ги уапсиле, се појаснува во соопштението.

Во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Штип обезбедило докази кои даваат основано сомнение дека истите лица на 16 декември, пред зграда на улицата „Сремски фронт” во Штип намерно запалиле паркиран автомобил „сеат леон” сопственост на една оштетена. На тој начин со умисла предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените, поради опасноста од бегство, можноста да влијаат врз сведоците или да ги повторат делата. Судот го прифатил предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неверојатни диети на технолошките магнати: Едниот јадеше само месо што сам го уловил, а другиот пиел 12 лименки Кока-Кола дневно
Следна Статија Детали за посетата на Мицкоски на САД: Премиерот по инаугурацијата на Трамп ќе има средби со клучни фигури од новата администрација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Драма во паркот во Ѓорче: Мајка пријавила дека жена се обидела да и го киднапира детето

Драма се одвивала вечра во паркот во Ѓорче Петров. Мајка пријавила обид за киднапирање на нејзиното дете, од страна на…

November 3, 2024
ХРОНИКА

Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми

Поранешниот директорот на Државни патишта, двајца вработени во оваа компанија како и сопственик на агенција за обезбедување утрово се приведени…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Се повредил при сеча на дрва и починал

На 17.07.2026 во 18:42 часот во СВР Штип од Итната медицинска помош-Пехчево е пријавено дека околу 18:10 часот добиле повик…

July 18, 2026
ХРОНИКА

(Фото) Пронајдено безживотно тело на улица во Аеродром

Утрово околу 7 часот и 30 минути тело на мртов човек беше пронајдено на улица во скопската населба Аеродром. На…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?