Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притворен маж кој ја давел и со боксови ја удирал поранешната сопруга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притворен маж кој ја давел и со боксови ја удирал поранешната сопруга
ХРОНИКА

Притворен маж кој ја давел и со боксови ја удирал поранешната сопруга

Објавено December 7, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – телесна повреда.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, доказите обезбедени во текот на претходната постапка ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинетиот на 1 декември во попладневните часови, во семејната куќа во Љубанци, вршел семејно насилство, при што телесно ја повредил поранешната сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.

Тој и пришол од зад грб, со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата. Имајќи предвид дека обвинетиот е претходно осудуван, му се води и друга постапка за истородно дело, а оштетената повеќепати ја напаѓал, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност тој да се обидува да го избегне кривичниот прогон ако биде пуштен на слобода, информира ЈОРСМ.

Затоа до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангеловска-Бежоска: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици
Следна Статија Тошковски: Имаме информации дека екс градоначалник на ДУИ директно бил вклучен во организирањето на настаните на 28 ноември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тошковски: Ковачевски не е достапен за полицијата и не се откажал од македонското државјанство

Поранешниот директор на Електрани на Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски е недостапен за полицијата. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги…

December 11, 2024
ХРОНИКА

Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари

Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(52), А.А.(55), Р.Д.(31) и С.Д.(32), сите…

April 17, 2025
ХРОНИКА

Чичкото на Зорица Ѓорчевска: Однесувањето на Александар ми беше чудно, ми рече дека ако Вања е отепана ќе се отепа и тој

На денешното рочиште сведочеше чичкото на Зорица Ѓорчевска. Митко Лазаров рече дека кога внуката му кажала дека ја нема Вања…

October 18, 2024
ХРОНИКА

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?