Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прометот на маркетите по вчерашниот бојкот намален за 22 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Прометот на маркетите по вчерашниот бојкот намален за 22 проценти
ЕКОНОМИЈА

Прометот на маркетите по вчерашниот бојкот намален за 22 проценти

Објавено February 8, 2025 13:54
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи (УЈП), согласно интересот на јавноста, во рамки на своите овластувања ги доставува последните податоци од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 06 и 07 февруари 2025 година.

Во четврток, 06.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки. Во петок, 07.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари, а издадени се 346.317 фискални сметки.

Кај овој анализиран период кај осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 22,12%.

Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП беше регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во петок 07.02.2025 година остварен е за 36,95% поголем промет во однос на претходниот петок 31.01.2025 година.

-При споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот односно деновите 31.01 и петок 07.02.2025 година треба да се имаат предвид различните фактори кои можат да влијаат на потрошувачките навики. Еден од тие фактори е тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување, велат од УЈП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајдени се остатоците од урнатиот авион во западна Алјаска, сите 10 лица се загинати
Следна Статија Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски уверува дека на патот Кичево-Охрид му се гледа крајот

Автопатот Кичево–Охрид, еден од најдолгите и најпроблематични инфраструктурни проекти во земјата, повторно доби најава дека се приближува до крај. Вицепремиерот…

April 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

САД може да бараат депозити до 15.000 долари за одредени туристички и бизнис визи

Американската влада објави дека САД може да бараат депозити до 15.000 американски долари за одредени туристички и деловни визи, во…

August 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на златото може да достигне 5000 долари

Цената на златото би можела да достигне речиси 5.000 долари за унца доколку нападите на Доналд Трамп врз независноста на…

September 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Катастарот клучен за контрола кои граѓани првпат купуваат стан

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески во интервју за РСЕ вели дека преку катастарот треба да се олесни идентификацијата на…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?