Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пронајдени се остатоците од урнатиот авион во западна Алјаска, сите 10 лица се загинати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Пронајдени се остатоците од урнатиот авион во западна Алјаска, сите 10 лица се загинати
СВЕТ

Пронајдени се остатоците од урнатиот авион во западна Алјаска, сите 10 лица се загинати

Објавено February 8, 2025 12:05
Сподели
Сподели

Пронајдени се останатите делови од малиот авион што завчера се урна во западна Алјаска, а сите 10 лица на борт се загинати, соопштија властите.

Авионот „Беринг Ер“ Цесна 208Б Гранд Караван исчезна од радарот по пат кон Ноум од Уналаклит, во четврток попладне по локално време. Во авионот биле пилотот и девет патници.

Се известува дека авионот се наоѓал на околу 54 километри од Ноум, на замрзнатото море.

Двајца нуркачи од крајбрежната стража беа спуштени за да ја испитаат ситуацијата, а сега се преземат напори за брзо извлекување на телата, бидејќи во следните 18 часа се предвидува влошување на временските услови и појавување на нестабилен мраз.

Американската Национална управа за безбедност на транспортот (NTSB) испраќа девет истражувачи на местото на несреќата за да ги утврдат околностите.

Летањето е најчестиот начин на транспорт во Алјаска поради големата територија и ограничената инфраструктура – повеќето заедници не се поврзани со главните патишта, па се користат мали авиони за транспорт.

Авионот „Беринг Ер“ опслужува 32 села во западна Алјаска, поврзани со центри како Ноум, Коцеб и Уналаклит, со два лета дневно од понеделник до сабота за повеќето дестинации.

Оваа несреќа е трета голема во САД во последните осум дена. На 29 јануари, патнички авион и воен хеликоптер се судрија во Вашингтон, при што загинаа 67 лица, а на 31 јануари медицински транспортен авион се урна во Филаделфија, со загуба на сите шест лица на борт и едно лице на земја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: До кога функционери кои ја краделе државата како Пеце Мирчевски ќе бидат на функции во СДСМ? (ФОТО)
Следна Статија Прометот на маркетите по вчерашниот бојкот намален за 22 проценти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп го потпиша декретот – воведува царини за челик и алуминиум

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или…

February 11, 2025
СВЕТ

„Блумберг“: Ердоган планира да му го предложи на Зеленски планот за ставање крај на војната

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да го предложи својот план за ставање крај на војната на состанокот на лидерите…

November 18, 2024
СВЕТ

Лидерите на ЕУ се согласија да ѝ дадат заем на Украина од 90 милијари евра, но без користење на „замрзнатиот“ руски имот

Лидерите на Европската Унија (ЕУ) се согласија да ѝ обезбедат заем од 90 милијарди евра на Украина за да може…

December 19, 2025
СВЕТ

(Видео) Зеленски потпиша контроверзен закон: избија најголемите протести од почетокот на војната

Украина вчера ја ограничи автономијата на своите две антикорупциски агенции кои се од централна важност за спроведување на реформите, потег…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?