Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Проруската партија на моќниот милијардер победи на изборите во Грузија: Опозицијата одбива да го признае поразот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Проруската партија на моќниот милијардер победи на изборите во Грузија: Опозицијата одбива да го признае поразот
СВЕТ

Проруската партија на моќниот милијардер победи на изборите во Грузија: Опозицијата одбива да го признае поразот

Објавено October 27, 2024 13:04
Сподели
Сподели

Владејачката партија „Грузиски сон“ победи на парламентарните избори против проевропската опозициска коалиција, која во текот на ноќта одби да го признае поразот, соопшти утрово Централната изборна комисија на Грузија.

Партијата „Грузиски сон“, предводена од милијардерот Бидзина Иванишвили, освои 54,08 отсто од гласовите наспроти 37,58 отсто за проевропската коалиција, врз основа на 99 отсто од преброените изборни единици, изјави претседателот на Централната изборна комисија, Ѓорѓи Каландаришвили на прес. конференција.

Во текот на ноќта опозицијата одби да го признае поразот. Таа смета дека ваквите резултати ќе ја оддалечат земјата од влезот во Европската унија (ЕУ) и ќе ја доближат до Русија.


„Не ги признаваме лажните резултати од украдените избори“, изјави синоќа за новинарите Тина Бакучева, шеф на Обединетото национално движење, една од четирите партии во опозициската коалиција.

Опозицијата обвинува дека Грузискиот сон, кој е на власт од 2012 година, е авторитарна и проруска партија и дека ја оддалечува земјата од ЕУ и НАТО, на кои „има аспирации да се приклучи“.

Извршниот секретар на „Грузиски сон“ Мамука Мдинарадзе синоќа изјави дека резултатите што ги објави Централната изборна комисија покажуваат дека партијата обезбедила „солидно мнозинство“ во новиот парламент.

Владата пред изборите изјави дека сака да обезбеди три четвртини од местата во парламентот, кои се неопходни за измена на Уставот, а со тоа, како што планира, да ги забрани прозападните опозициски партии, пишува Франс прес.

Брисел предупреди дека шансите на Грузија за приклучување кон ЕУ ќе зависат од овие избори. Грузија во својот Устав напиша дека сака да влезе во ЕУ.

Изборите, кои беа надгледувани од меѓународни набљудувачи, беа обележани со неколку инциденти, емитувани на интернет, како тепачка на избирачко место во Тбилиси или тепачки во опозициското Обединето национално движење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката
Следна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата даваат резултат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ЕУ плаќа по 120 евра дневно на секој учесник во антивладините протести во Грузија

На Делегацијата на ЕУ во главниот град на Грузија, Тбилиси, и се доделени значителни средства за поддршка на протестите и…

February 27, 2025
СВЕТ

Уапсен е убиецот на Чарли Кирк, се надевам дека тој ќе добие смртна казна, рече Трамп (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека убиецот на Чарли Кирк е уапсен и дека еден свештеник помогнал во неговото апсење.…

September 12, 2025
СВЕТ

Маск бесен поради законот на Трамп: „Одвратен и чуден“

Илон Маск изгледа дека се сврте против претседателот Доналд Трамп и остро го критикуваше неговиот „одличен, прекрасен закон“ како скандалозен,…

June 4, 2025
СВЕТ

Би-би-си: Кина тргна во офанзива

Кина започна дипломатска офанзива во Југоисточна Азија во екот на трговската војна со САД, анализира Би-би-си. Кинескиот претседател Кси Џинпинг пристигна…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?