Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првпат Washington Post нема да поддржи кандидат на претседателските избори во САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Првпат Washington Post нема да поддржи кандидат на претседателските избори во САД
СВЕТ

Првпат Washington Post нема да поддржи кандидат на претседателските избори во САД

Објавено October 26, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Првпат по многу децении, The Washington Post нема да поддржи кандидат на годинешните претседателски избори, објави во петокот издавачот на американскиот весник, шокирајќи го персоналот на влијателниот дневеник, објави во петокот телевизиската мрежа CNN.

„The Washington Post нема да поддржи претседателски кандидат на овие избори. Се враќаме на нашите корени да не ги поддржуваме претседателските кандидати“, објави во соопштението издавачот и шеф на весникот Вил Лејвис.

Весникот објави дека одлуката ја донел сопственикот на изданието, милијардерот и основач на интернет продавницата „Amazon“, Џеф Безос, цитирајќи два извора запознаени со ова прашање.

Персоналот на редакцијата кој работи на воведникот на WP составиле нацрт-текст за поддршка на потпретседателката Камал Харис, кој бил подготвен за одобрување од уредништвото, но нацртот никогаш не беше претставен, изјавил за CNN неименуван соговорник запознаен со ова прашање.

„Многу луѓе од воведникот (едиторијалот) беа изненадени и лути“, рекол изворот.

The Washington Post поддржува претседателски кандидат на сите избори од 1980-те. Во изјавата, Лејвис алудира на претходни одлуки на уредништвото да не поддржи кандидат како право „на коешто се враќаме“.

„Признаваме дека тоа ќе биде сфатено на различни начини, вклучително и премолчена поддршка за еден кандидат или осуда на друг, или како одрекување од одговорноста. Тоа е неизбежно. Ние не го гледаме тоа така. Ние тоа го гледаме како доследност на вредностите за коишто Post отсекогаш се залага и како нешто на коешто се надеваме кај лидерот: карактер и храброст во служба на американската етика, почитување на владеењето на правото и човековата слобода во сите нејзини аспекти“, продолжи Лејвис.

Како по правило, сопствениците на весници имаат улога во изборот на кандидатите кои весникот ќе ги поддржи и одобрува едиторијали, кои се сметаат за одраз на нивните верувања.

Портпаролот на весникот не ги коментираше извештаите.

„Кукавичлук“

Колумнистот на весникот Роберт Каган изјави за CNN дека го напуштил весникот поради одлуката на Безос да го запред давањето поддршка за некој од кандидатите. Потегот набрзо беше, исто така, осуден и од Марти Барон, поранешен извршен уредник на WP кој го водеше весникот за време на упадот на Капитол на 6-ти јануари 2021 година.

„Ова е кукавичлук, а демократијата е нејзина жртва. Доналд Трамп ќе го сфати ова како покана за дополнително да го заплаши сопственикот на Безос (и другите). Вознемирувачка безрбетност во институција позната по храброст“, напиша Барон во објавата на социјалните мрежи јасно давајќи до знаење кому

Додека Барон беше уредник, весникот доби Пулицерова награда за покривањето на упадот на подржувачите на Доналд Трамп во Капитол обидувајќи се да го попречат прогласувањето на победата на претседателските избори на актуелниот претседател Џо Бајден за која и ден денес велат дека била лажирана, а што го опиша како „обид за државен удар“.

За време на неговиот мандат како претседател, Трамп се судри со Безос, особено кога станува збор за „Amazon“. Трамп го нарече The Washington Post – кој водеше кампања против републиканецот и на изборите во 2020 и на оние во 2016 година – „лажни вести“ и отфрли да го третира како весник сметајќи го за „главен лобист“ на „Amazon“.

Трамп директно го обвини „Amazon“ дека не плаќа доволно даноци и дека ја злоупотребува американската поштенска служба.

Барон во својата книга „Collision of Power” напиша дека Безос бил тој што помогнал да се одлучи за слоганот „Демократијата умира во темнина“ што весникот го усвои во текот на мандатот на Трамп.

Но, одлуката на Безос да не поддржи ниту еден кандидат на годинешните претседателски избори налути некои членови на редакцискиот одбор, изјавија извори од The Washington Post за CNN.

„Гневни сме“, рекол еден од авторите, укажувајќи дека персоналот размислува за потпишување отворено писмо во кое би ја критикувале одлуката на сопственикот.

Одлуката на Безос доаѓа само неколку дена откако Патрик Сон-Шионг, сопственик на The Los Angeles Times, ја блокираше намерата на весникот да ja поддржи Харис, што доведе до оставка на тројца членови на редакцијата.

Најголемите мејнстрим весници и телевизиски мрежи во САД, уште од кампањата за претседателските избори 2016 година се изјаснија против Трамп, а таквиот критизерски однос го задржаа и во текот на неговиот мандат до 2020 година, а го продолжија и откако ги загуби тие избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проектирале траса кон Блаце на која потоа се купувани имоти – дали некој преку експропријација сакал да инкасира милиони?
Следна Статија Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Израел објави снимка од ликвидацијата на командантот на Иранската револуционерна гарда

Израелското Министерство за надворешни работи објави видео од ликвидацијата на командантот на единицата за пренос на оружје на Иранската револуционерна…

June 21, 2025
СВЕТ

Уапсен маж кој со автомобил прегази пешаци во Лондон

Страшен инцидент се случи во центарот на Лондон на Божиќ кога автомобил удри во пешаци. Четири лица се пренесени во…

December 25, 2024
СВЕТ

(Видео) Преживеаните патници слушнале експлозија пред да се урне авионот во Казахстан: „И тогаш имаше нешто како шрапнел…“

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна рано во средата во казахстанскиот град Актау, при што загинаа 38 од 67 лица…

December 26, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Илон Маск говорникот на предизборната кампања: Само АфД може да ја спаси Германија

Изборната кампања „Алтернатива за Германија“ (AfD) е во полн ек, а еден од говорниците на митингот е милијардерот Илон Маск,…

January 26, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?