Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ракометарите на Вардар имаат нов тренер, доаѓа од Аргентина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ракометарите на Вардар имаат нов тренер, доаѓа од Аргентина
СПОРТ

Ракометарите на Вардар имаат нов тренер, доаѓа од Аргентина

Објавено October 30, 2024 20:50
Сподели
Сподели

Актуелниот селектор на Аргентина, Гиљермо Милано ќе седне на клупата на најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 и најмалку до крајот на актуелната сезона ќе ги предводи „црвено-црните“.

Како што вечерва соопшти двократниот европски првак, „постигнат е договор за соработка до крајот на сезонава, со можност истиот да биде продолжен. На почетокот на следниот месец Милано ќе пристигне во Скопје и ќе ја преземе екипата на Вардар“.

Милано доаѓа на клупата на Вардар 1961 откако од 2021 година е аргентински селектор.

Со репрезентацијата на Аргентина настапи на последните Олимписки игри во Париз, на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска, а го освои златниот медал на Панамериканските игри 2024, совладувајќи го во финалето Бразил.

Во изјава за клупскиот сајт, Милано наведе дека е возбуден од можноста да боде дел од новото поглавје во историјата на Вардар 1961.

Огромна чест е да добиеш повик од еден од најпрестижните тимови во Европа, и ја имав привилегијата да го следам клубот долги години во нивните настапи во Лигата на шампионите. Од Македонија ја покорија Европа со својот нескршлив карактер и борбеност инспирирајќи ги ракометните фанови насекаде. Како што го носам моето 20-годишно искуство со аргентинските репрезентации, исто така се обврзувам да и пристапам на оваа улога препознавајќи го наследството на големите тренери кои беа пред мене. Целосно сум посветен да дадам сè за Вардар, да оставам сè уште на теренот и да придонесам за континуиран успех на тимот“, изјави Милано.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Ноле на имотот во Војводина одгледува лаванда
Следна Статија Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дедото на Ноле е оставен од сите

Зденко Жагар дедото на Новак Ѓоковиќ живее во белградската населба Чукарица, истакна дека ретко го гледа семејството и често е…

February 10, 2025
СПОРТ

Aмериканската амбасадорка Агелер на трибините во Вараждин ја бодреше македонската репрезентацијата

Американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер ја бодреше македонската ракометна репрезентација од трибините во Вараждин, каде вчера нашите ракометари играа одлично…

January 16, 2025
СПОРТ

Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?

Златната топка, односно фактот што Винисиус Жуниор не е лауреат оваа година, се уште е тема на светските медиуми. Наградата…

October 30, 2024
СПОРТ

Денвер подобар од ЛА Клиперс, Лејкерс шокирани пред својата публика

Плеј-офот на НБА лигата имаше спектакуларен почеток, откако најпрво Индијана убедливо славеше над Милвоки со 117-98, додека после продолжение на…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?