Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Разбојник напаѓал жени и девојчиња во Аеродром и Центар, им одземал чанти, ранци, паричници, накит и телефони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Разбојник напаѓал жени и девојчиња во Аеродром и Центар, им одземал чанти, ранци, паричници, накит и телефони
ХРОНИКА

Разбојник напаѓал жени и девојчиња во Аеродром и Центар, им одземал чанти, ранци, паричници, накит и телефони

Објавено December 9, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот – разбојништва и тешки кражби.

Жртвите биле жени или малолетни девојчиња, кои осомничениот ги напаѓал на различни локации во Центар и Аеродром и притоа им одземал чанти, ранци, паричници, накит, телефони и други вредни предмети.

Обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека тој е извршител на најмалку пет вакви кривични дела, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и особено веројатност да повторува вакви и слични кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На претседателот на Јужна Кореја му е забрането да ја напушта земјата
Следна Статија Нафтата и златото поскапеа по падот на режимот во Сирија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Правните застапници на оштетените семејства на Вања и Панче се изјаснија дека во целост ги прифаќаат завршните зборови на Обвинителството

По завршните зборови на Основното јавно обвинителство на денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, правните…

June 11, 2025
ХРОНИКА

Момче загина, а другар му е тешко повреден откако ноќва со возило излетаа кај Елешец

Осумнаесетгодишно момче го загуби животот, а 16-годишник е тешко повреден откако со автомобил излетале од регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во…

November 13, 2024
ХРОНИКА

Драма на Бит Пазар: Арачиновец пукал во воздух кога две лица го застанале и се обиделе да го извлечат од возилото

Драматично вчера попладне на Бит Пазар. Триесет и двегодишен маж од Арачиново, Скопско, пријавил дека додека се движел од автомобилот…

December 8, 2024
ХРОНИКА

Детали за акцијата „Бункер“: Четворица уапсени, организирале нарачани убиства – Еден од убиените е и Оки од групата Грчец

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?