Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Родри ја освои Златната топка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Родри ја освои Златната топка
СПОРТ

Родри ја освои Златната топка

Објавено October 29, 2024 08:20
Сподели
Сподели

Фудбалерот на Манчестер сити и шпанската репрезентација Родри ја освои Златната топка на гала вечерта во Париз, во организација на УЕФА, „Франс Фудбал“ и „Лекип“. Родри не сакаше да ја прими наградата на патерици, успеа да се одржи на нозе. Тој е првиот Шпанец од 1960 година кој ја добил оваа награда. Зад Родри се најдоа тројца играчи на Реал: Винисиус Жуниор, Дани Карвахал и Џуд Белингем.

Родри е централен играч за врска на Сити и на шпанската репрезентација која ја предводеше до титулата европски првак. Во сезоната 2023/2024. одигра 50 клупски натпревари, на кои постигна девет и асистираше за 14 гола, додека на ЕП беше прогласен за најкорисен играч. Со Сити ја освои Премиер лигата, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.

Ова е трет пат во историјата најдобар фудбалер да се избира според резултатите во текот на сезоната, а не годината. Оваа награда важи за календарскиот период од 1. август 2023 година до 31. јуни 2024 година.

Гала вечерта ја обележа и скандалот кој го приреди првиот човек на Реал, Флорентино Перез. Откако дознал дека Златната топка нема да ја освои Винисиус Жуниор ја вратил 50.члената делегација од аеродрмото во Мадрид.

Во Реал, како што пишува „Марка“, биле „крајно разочарани и лути“. Реал смета дека е неправедно нивниот крилен играч да не ја добие најголемата фудбалска чест.

Неофицијалниот став на клубот е дека Златната топка за нив „веќе не постои и нема вредност“, па ќе се фокусираат на тимските цели. Да потсетиме, овој шок дојде кај Реал откако на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“ загуби со 0:4 од Барселона во 11. коло од Ла Лига.

Исто така клупската телевизија го откажа петчасовното шоу и преносот на церемонијата за доделување на Златната топка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина легендарниот голман на Хајдук: Поради Аркан избегал од Грција!
Следна Статија ВИДЕО| Горат гласачките кутии за американските избори, последнaтa во Вашингтон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонија со убедливи 5-0 го победи Лихтенштајн и повторно е лидер во групата

Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните…

September 7, 2025
СПОРТ

Берентини во врска со познат диџеј

Светските медиуми пишуваат дека Италијанецот Матео Берентини е во врска со јужнокорејската диџеј ѕвезда Пеги Гу. Тие беа видени заедно…

July 23, 2026
СПОРТ

Антетокумпо во Мајами

Тимот на Мајами хит стана еден од трите најголеми фаворити за освојување на трофејот во НБА-лигата претстојната сезона по размената…

June 23, 2026
СПОРТ

„Летачот на орли“ е во Лесковац: Таткото на Гранит Џака лежел во српски затвор за екстремизам

Албанскиот фудбалер во дресот на швајцарската репрезентација Гранит Џака е во Лесковац каде во овие моменти игра меч против Србија.…

October 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?