Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?
СПОРТ

Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?

Објавено October 30, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Златната топка, односно фактот што Винисиус Жуниор не е лауреат оваа година, се уште е тема на светските медиуми. Наградата за најдобар, му припадна на играчот од средниот ред Родри, кој со шпанската репрезентација го освои Европското првенство и со Манчестер сити Премиер лигата.

Многумина мислат дека овој избор му нанел неправда на Бразилецот кој со Реал Мадрид ги освои Лигата на шампионите и шпанското првенство, а особено го мислат тоа во Реал, поради што ја бојкотираа церемонијата во Париз.

Винисиус смета дека причината поради која е втор, а не прв во гласањето на новинарите за добитник на наградата е неговата борба против расизмот.

Тоа го пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на луѓе блиски до 24-годишниот напаѓач.

„Ова ќе го направам уште десет пати. Тие не се подготвени“, беше пораката што Винисиус ја објави на социјалните мрежи откако не го освои трофејот.

„Ројтерс“ ги контактирал луѓето кои раководат со неговата кариера за да го дознае одговорот на прашањето што точно значи пораката.

Одговорот е дека Винисиус „се осврнал на својата борба против расизмот“, пишува „Ројтерс“ и додава дека контактираните мислат дека тоа е причината поради која не ја добил наградата.

„Фудбалскиот свет не е подготвен да прифати играч кој се бори против системот“, цитира соговорник од кругот на луѓе кои раководат со кариерата на играчот, кој е честа мета на расистички скандирања на натпреварите во Шпанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предлог-извештај на ЕК: Македонија треба да го интензивира темпото на реформи
Следна Статија Ковачки: Дали Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

248 милиони евра: Роналдо најплатен спортист

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо е прогласен за најплатен спортист за 2024 година од страна на „Sky Sports“. Според…

February 25, 2025
СПОРТ

(Видео) Дефанзивец на Барселона падна од автобусот за време на прославата на титулата

Фудбалерите на Барселона ја прославија успешна сезона, во која освоија три трофеи. Барселона е шампион на Шпанија, ја обезбеди титулата…

May 17, 2025
СПОРТ

Тој е фудбалско чудо од Африка: Има само 13 години, а веќе се во игра големи суми

Талентираното момче од Јужна Африка, Камден Шејпер, кој штотуку наполни тринаесет години, веќе е на прагот на голем трансфер во…

June 23, 2025
СПОРТ

Скандал го тресе англискиот фудбал – Судија од Премиер лигата фатен како шмрка кокаин (ВИДЕО)

Невиден скандал го потресе англискиот „Premiership“ откако се појавија снимките од англискиот судија Дејвид Кут на Европското првенство кое се…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?