Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Романтична измама: Пензионерка поради љубов на Фејсбук остана без 28.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Романтична измама: Пензионерка поради љубов на Фејсбук остана без 28.000 евра
ЗАБАВА

Романтична измама: Пензионерка поради љубов на Фејсбук остана без 28.000 евра

Објавено October 12, 2024 22:50
Сподели
Сподели

Полицијата извести за неразбирливата лековерност на 74-годишната пензионерка, која една година плаќала пари на маж, кој и рекол дека е вработен во ОН, на повеќе сметки во странство

„Жена (74) од Бјеловар (Хрватска) преку социјална мрежа во септември минатата година стапила во контакт со непознато лице.

Мажот и рекол дека е вработен во Обединетите нации, дека моментално е во мировна мисија во Авганистан и дека останал без пари поради околностите на војната.

За да му помогне уплатила неколку илјади евра на различни банкарски сметки во странство. Потоа пак, по пат на мобилна апликација ја контактирала друга личност која и понудила помош да си ги врати парите, но со дополнителен паричен надоместок, па затоа и на сметката на тоа лице платила значителен износ на пари.

Потоа ја контактирал хирург од Турција, кој и понудил помош за враќање на парите и ја ставил во контакт, наводно со агенцијата ФБИ. Набргу потоа добила порака преку мобилната апликација од корисник наречен „FBI Worldwide“.

Ја известиле дека бидејќи им помогнала да го фатат измамникот, добила награда од 25.000 долари и дека сите пари што ги платила до тој момент ќе и бидат вратени.

Треба само парите да ги земе на аеродромот во Загреб, но парите се под шифра во метална кутија и треба да плати одредена сума пред да ги земе.

Така направила и тоа во неколку наврати. Кога по проверките утврдила дека нема пакет со пари, сфатила дека е измамена за вкупно 28.000 евра кои ги уплатила на сметки на непознати лица во странство.

Како што соопштија од ОЈО Бјеловар, ова е уште еден пример за романтична измама.

„Токму на овие примери предупредуваме, особено постарите лица, кои за жал се најчеста мета на ваквите измами, да не наседнуваат на ваквите измами“, соопштуваат од бјеловарската полиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Летачот на орли“ е во Лесковац: Таткото на Гранит Џака лежел во српски затвор за екстремизам
Следна Статија Вечерва може да се види комета која последен пат била видена пред 80.000 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Вашата Хало приказна: Поглавје 01

Длабоко навлегување во светот на приказните и нивното значење низ призмата на Хало универзумот

January 31, 2026
ЗАБАВА

Се породи Ријана, објавена прва фотографија од бебето

Поп-ѕвездата Ријана го роди своето трето дете, девојче, кое го има со партнерот АСАП Роки, чие вистинско име е Рахим…

September 25, 2025
ЗАБАВА

Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа бракоразводна спогодба по осум години

Актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа договор за развод, изјави нејзиниот адвокат во вторникот, ставајќи крај на еден од…

December 31, 2024
ЗАБАВА

Ретрограден Сатурн почнува на 13 јули и ќе трае до крајот на ноември

Сатурн, планетата на кармата, дисциплината и лекциите што ги учиме низ животот, влезе во знакот Риби на 29 март 2025…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?