Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Русија го казни „Гугл“ со 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Русија го казни „Гугл“ со 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари
Blog

Русија го казни „Гугл“ со 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари

Објавено November 1, 2024 12:00
Сподели
Сподели

„Гугл“ треба да плати сума од 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари поради забраната на руските државни медиуми на Јутјуб, одлучи рускиот суд.

Иако „Гугл“ е најбогатата компанија во светот, оваа сума е значително повисока од нејзината вредност од два трилиони долари.

Всушност, таа е поголемa од целиот светски бруто домашен производ, кој Меѓународниот монетарен фонд го проценува на 110 трилиони долари.

Казната стана толку голема затоа што се удвојува секој ден на неплаќање, објави државната новинска агенција „ТАСС“.

Не можам ни да ја изговорам оваа бројка, но апелирам менаџментот на „Гугл“ да внимава, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „ТАСС“.

Компанијата сè уште не ја коментирала казната ниту одговорила на прашањата на Би-Би-Си.

Казната која му е изречена на Гугл се однесува на забраната за објавување содржини за 17 руски медиуми на Јутјуб, објави руски РБЦ.

Забраната беше воведена во 2020 година, а потоа се прошири кога почна војната со Украина во 2022 година.

Оттогаш, повеќето американски компании се повлекоа од Русија, додека бизнисот во оваа земја е строго ограничен со санкции.

Руските медиуми се забранети и во Европа, поради што Русија воведе контрамерки.

Казната што ја доби Гугл е продолжение на повеќегодишниот конфликт меѓу Русија и американската компанија.

Роскомнадзор, руското регулаторно тело за медиуми, го обвини Гугл во мај 2021 година за ограничување на пристапот до руските медиуми, вклучувајќи ги Спутник и РТ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Младенци се запалија на денот на свадбата, сватовите шокирани (ВИДЕО)
Следна Статија Уапсен маж поради кражба на сирење од 360.000 евра, лажно се претставувал како дистрибутер и барал 22 тони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Трамп најави инвестиции до 500 милијарди долари во инфраструктура за вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп најави инвестиција до 500 милијарди долари од приватниот сектор во изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција…

January 22, 2025
Blog

Берзите во пораст: Американските царини во втор план, најсилната компанија урива рекорди

На европските берзи, цените на акциите пораснаа четврти ден по ред, бидејќи Вашингтон и Брисел сигнализираат дека наскоро може да…

July 11, 2025
Blog

Цел свет е одушевен од овој еколошки трик: Швеѓаните најдоа начин како бесплатно да ги загреат куќите

Некои се греат на дрва, некои на плин, а некои на компјутери. Постојат различни начини да се загреете, но сепак,…

November 3, 2024
Blog

Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис

Кина е подготвена да го забрза процесот на разгледување и одобрување на извозот на ретки минерали за компании од Европската…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?