Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата
МАКЕДОНИЈА

Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата

Објавено December 17, 2024 23:10
Сподели
Сподели

Одлуките на Владата се колективни и за нив важи функционален имунитет и доколку има криминал треба да се најде одговорност, изјави адвокатот и поранешен член на Антикорупциска комисија Драган Малиновски.

– Треба да се има предвид фактот дека членовите на Владата уживаат имунитет како пратениците во Собранието. Тоа е регулирано со Закон за Влада и сега тоа е таканаречен функционален имунитет и го штити од прогон за искажано мислење донесена одслука, но се разбира таа одлука треба да биде во рамките на дозволеното. Но, тоа не е апсолутна одлука, ако некој како член на Влада или како повеќемина членови на Влада донесат одлука која е базирана на некој коруптивен настан или за некој за што се има докази, во тој случај не ве штити секој одговара. Не е апсолутен имунитетот и не може како таков да се прифати, рече Малиновски во дебатата на Топ тема за случајот со Државна лотарија.

Поранешната обвинителка Вилма Рускоска смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напушти државата и смета дека „ако останеше овде многу мала беше веројатноста да му се определи притвор“.

Притворот, посочи таа, се одредува по три основи – влијание на сведоци, опасност од бегство и да го повтори делото.

-Ако беше тука која би била таа опасност од бегство, ако му е цело семејство тука и така, да го повтори делото веќе не може, не е на таа функција веќе, а третиот основ остануваше влијание на сведоци, а влијание на сведоци може на други начини да се врши, рече Рускоска.

По поранешниот прв вицепремиер во Владата вечерва беше распишана потерница, како и по поранешниот директор на Државна лотарија Прпетим Бајрами. Двајцата и уште шестмина други меѓу кои и поранешниот премиер Димитар Ковачевски се осомничени за злоупотреба на службена должност и примање поткуп во случајот Државна лотарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шенки Версаче, босот Тоте, убиецот на Оки – кој падна како дел од големата акција на МВР против Беланоца/Барон
Следна Статија Мицкоски на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел: во фокусот понатамошната интеграција на регионот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протоколот со кој Бугарија може да нѐ блокира кога ќе посака оди на Уставен суд

Поранешната пратеничка Лилјана Поповска поднесе до Уставен суд Иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе создадеме стратешки документ кој што ќе биде патоказ за сите идни Влади

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Националната развојна стратегија, која…

October 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

На Богородица ќе се отворат две дополнителни ленти за излез од Македонија

Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица и уште една за влез на товарен сообраќај,…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Отпуштените службеници на ДУИ имале кревети во канцелариите, објави Стоилковиќ

Седум вработени во министерството за односи меѓу заедниците вчера добија отказни решенија од министерот Иван Стоилковиќ. Веднаш реагираше ДУИ и…

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?