Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се лажат ако мислат дека не надмудриле: Мицкоски разочаран од маркетите, ќе бара вонредна инспекција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се лажат ако мислат дека не надмудриле: Мицкоски разочаран од маркетите, ќе бара вонредна инспекција
ЕКОНОМИЈА

Се лажат ако мислат дека не надмудриле: Мицкоски разочаран од маркетите, ќе бара вонредна инспекција

Објавено December 24, 2024 14:28
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе побара од Државниот пазарен инспекторат робусна и жестока акција бидејќи, како што вели, дел од маркетите шпекулираат и се служат со трикови со мерката „новогодишна кошничка“.

Јас со трикови не функционирам. Тие кои што мислат дека ќе прават трикови, се лажат. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го надоместуваат со драматично зголемување на производите што ги користат граѓаните како што се маслото, јајцата, шеќерот, сол итн…Трикови не може и оваа Влада нема да толерира. Жестоко ќе се справиме со овие кои што мислат дека не надмудриле – кажа Мицкоски.

Премиерот апелира до големите трговски ланци да си го преиспитаат однесувањето. Според Мицкоски, „срамота е ова што го прават пред празниците“.

Сакавме да се договориме и преку добра волја, а видете како враќаат. Ова не е коректно. Ќе побарам вонредна инспекција – додаде премиерот.

Во дел од маркетите, при почетокот на мерката „новогодишна кошничка“, цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари. Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување. Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм. Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ќе растат сите плати во Македонија, а нема да растат функционерските плати
Следна Статија Владата повторно излезе во пресрет: Бесплатен автобуски превоз за студентите со пренамена на средства

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски и Николоски ќе извршат надзор на патот Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, утре во 12 часот…

November 1, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочовска: Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки…

October 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Потенцијалното спојување на SpaceX и Tesla би можело да влијае врз 20.000 биткоини

Можното спојување би консолидирало една од најголемите корпоративни биткоин-сопствености под еден покрив.

February 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Директорот на Царина: Заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце – Елез Хан

Забрзан проток на патници, како и ефикасна контрола и заедничко делување во спречување на секој обид за шверц, се очекува…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?