Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници
МАКЕДОНИЈА

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Објавено January 28, 2025 16:39
Сподели
Сподели

Службата за општи и заеднички работи соопшти дека радикално е зголемена наплатата на угостителските услуги кои се наплаќаат од функционерите и службениците во бифеата кои се под надлежност на СОЗР а се наоѓаат во Владата, министерствата и други објекти.

Од СОЗР велат дека во вториот дел од годината, од 1 јули до 31 декември 2024, се наплатени 1.139.245 денари, односно по примената на мерките, наплатата е зголемена за дури 1455 отсто.  Претходно во првата половина од минатата година биле наплатени само 73.257 денари.

„Една од првите мерки што ги презедовме по преземањето на функцијата беше ставање ред во Секторот за угостителство, во кое затекнавме безредие од сите аспекти. Нецелосна евиденција на приходи и расходи, испорачани, но ненаплатени услуги, ниски и непазарни цени, нетранспарентен избор на добавувачи, работење по неутврдени критериуми, беа само дел од недостатоците на работењето кои ги идентификувавме.

Во насока на усогласување со законските процедури, елиминирање на нелојалната конкуренција и отстранување на другите аномалии, првенствено почнавме со редовна наплата на услугите, а одлучивме да ги покачиме и цените во бифеата и ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, како и на цените во бифето на Клубот на пратеници. Со оваа мерка ги елиминиравме привилегиите кои до тогаш ги уживаа избраните функционери.Нашата одлучност веќе дава резултати“, соопшти Службата.

Во владиниот ресторан за шест месеци биле наплатени 308.358 денари.Во Собранието и Клуб на пратеници приходот изнесувал 638.053 денари. Во три пак владини бифеа остварен е приход од 61.105 денари.

„Во следниот период, со цел да ги заштитиме вработените од можни несакани ситуации, какви што имало во минатото и да спречиме евентуални малверзации, планираме да воведеме наплата исклучиво преку банкарска картичка. Со овој чекор ќе го зголемиме нивото на сигурност, ќе ја елиминираме потребата за рачна наплата и ќе создаде поголема транспарентност“, додаваат од СОЗР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арсенал ќе ја активира откупната клаузула во договорот на Нико Вилијамс
Следна Статија Трамп ќе направи огромни промени во глобалната автомобилска индустрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Најчевска: Јахоски излезе од притвор, обвинителите да си дадат оставка

Професорката Мирјана Најчевска реагира на укинувањето на притворот за газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски и негово заменување за за…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија

Министерството за дигитална трансформација ја поздравува одлуката на Европската комисија за одобрување на второто ослободување средства за Република Македонија во…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гол маж на кејот во Охрид ги шокираше граѓаните (ВИДЕО)

Сосема гол маж вчера се прошета по кејот на Охридското Езеро сред Охрид ги шокираше граѓаните кои се нашле таму.…

February 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност

Mинистерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?