Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија
МАКЕДОНИЈА

Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија

Објавено October 18, 2025 14:52
Сподели
Сподели

Министерството за дигитална трансформација ја поздравува одлуката на Европската комисија за одобрување на второто ослободување средства за Република Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, во вкупен износ од 16 милиони евра.

Европската комисија во рамките на сопствената техничка процена оцени дека четири реформи се успешно реализирани, од кои три се во областа на дигиталната трансформација, што претставува значајно признание за реформските процеси предводени од Министерството за дигитална трансформација, соопштија денеска од Министерството.

Овие активности, како што се наведува во соопштението, опфаќаат усвојување на Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, целосно усогласен со европската директива за сајбер-безбедност (NIS2), усвојување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, со кој се воведува европскиот модел на дигитален идентитет и донесување на Законот за архивски материјал, со кој се воспоставува правна рамка за електронско архивирање во јавната администрација.

Оваа одлука претставува конкретна потврда дека европските институции ја препознаваат и поддржуваат нашата работа во насока на создавање безбедна, поврзана и модерна дигитална држава. Реализираните закони поставуваат темели за долгорочна трансформација на јавната администрација и создавање подобри, побрзи и посигурни услуги за граѓаните, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Од вкупниот износ, 7,4 милиони евра се исплаќаат директно во државниот буџет, додека преостанатите средства се наменети за инфраструктурни проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Министерството за дигитална трансформација ќе продолжи со реализација на останатите реформски активности утврдени во рамките на Инструментот за реформи и раст, со цел целосно усогласување на националните политики со европската дигитална агенда и рамката на Дигиталната декада 2030

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По децениски застој се гради Универзалната сала
Следна Статија Ги измешале редните броеви: Поради погрешно испечатени гласачки ливчиња болните и изнемоштените во Ново Село не гласаат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци

По повиците на социјалните мрежи граѓаните во петок да не пазаруваат во маркетите поради високите цени како што тоа се…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија се гради по 7 години пустош и понижување

Денеска е посебен ден овде во Свети Николе и навистина денот сакавме покрај тоа што го предвидовме како дружење со…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полицијата со нова „алатка“ за ловење на дрогирани возачи: Ќе ги тестира за 10 минути преку тест со плунка

Министерството за внатрешни работи наскоро ќе ја засили контролата на учесниците во сообраќајот со набавка на нова генерација брзи тестови…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Радев се заблагодари на Сиљановска-Давкова: Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите

Република Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?