Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По децениски застој се гради Универзалната сала
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По децениски застој се гради Универзалната сала
МАКЕДОНИЈА

По децениски застој се гради Универзалната сала

Објавено October 18, 2025 13:57
Сподели
Сподели

По повеќе од една деценија застој, Скопје конечно ќе ја добие Универзалната сала во сјајот што го заслужува, ќе стане симбол на културата на нашиот град, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

-Вчера беше завршена постапката за избор на изведувач, донесена е Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за реконструкција на објектот по принцип „Клуч на рака“. По завршување на законските рокови и потпишување на договорот, ќе започнат градежните активности, потенцира тој.

„Особено сум горд што за само една година успеавме да откочиме процес долг една деценија. Преземени се сите потребни мерки: нова проектна документација, измени на постојниот проект и обезбедување на предуслови за успешна реализација.

Универзалната сала е симбол на Скопје, со над 5.000 настани и над 5.800.000 посетители досега. Сега повторно ќе стане центар за културни настани и собирање на граѓаните, а ќе биде и дел од „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

Рокот за реализација е предвиден до декември 2027 година“, потенцира во објавата Љутков.

Благодарност до сите кои беа дел од процесот. Универзална сала повторно подготвена да го одбележи културниот ритам на Скопје, објави Љутков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕК: Путин може да патува во Будимпешта и покрај санкциите и налогот за апсење
Следна Статија Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување,…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во среда нема ништо да се случи, многу брзо ќе дознаете за огромниот криминал на поранешни владини функционери

„Во среда нема ништо да се случи“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција денеска во Владата, запрашан за седницата на…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала

Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Абази: Во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот на Васил Јованов

Во специјализираното Одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворската полиција вклучени се јавните обвинители, и…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?