Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот
Blog

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Објавено January 20, 2025 18:08
Сподели
Сподели

Најголемата приватна пошта во Македонија Еко логистик сервис (ЕЛС) вчера во Младинскиот културен центар (МКЦ) прослави седум години постоење под мотото „We are growing internationally“ („растеме меѓународно“). На настанот беа присутни стотици гости кои дадоа поддршка на ЕЛС како општествено одговорна компанија која континуирано го шири своето портфолио со нови ангажмани и активности.

„Во наредниот период нѐ чекаат уште многу предизвици, ќе го прошириме кругот, ќе бидеме најинтегрираната компанија, не само во Македонија туку и во регионот, ќе бидеме провајдер на други сервиси и на други платформи и компании, но една од најважните задачи е да дадеме можност на македонските компании да извезуваат и да станат појаки, да не бидеме како слаби играчи во сенка, туку да тргнеме во акција и да направиме резултат“, рече сопственикот на ЕЛС, Игор Гешовски, во своето обраќање пред присутните.

Роденденот на ЕЛС беше одбележан со богата музичка програма – свои настапи имаа Лаура Кадриу и Филип Петровски со своите бендови, а комичарот Бојан Велевски ги забавуваше гостите со својот стенд ап.
Како еколошки одговорна компанија која постојано се вклучува различни хуманитарни активности, ЕЛС по повод 7-годишнината од постоењето додели благодарници на повеќе еко здруженија и на хуманитарни организации.
ЕЛС во последнава година ја презеде доставата за пратките од двете најголеми шопинг платформи, Али експрес и ТЕМУ, со што значително се зголеми и обемот на работа. Само во 2024 година, приватната пошта која ги поседува сите меѓународни и домашни лиценци, има доставено 417 777 пратки до потрошувачите.

Во моментов компанијата располага со повеќе од 220 возила и над 250 доставувачи, а достава се врши и во попладневните часови. За поголема безбедност и заштита од манипулации, ЕЛС е единствената компанија која користи безбедносен код при подигањето на пратките. За 2025 година, од компанијата најавуваат соработка и со други светски познати платформи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бајден превентивно ги помилува и неговите двајца браќа и сестра му со семејствата
Следна Статија Мицкоски на важни средби во Вашингтон: Лобираме за македонските интереси!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари пред инаугурацијата на Трамп

Биткоинот утрово, непосредно пред претседателската инаугурација на Доналд Трамп, достигна нова рекордна вредност од над 109.000 долари. Криптовалутата има скок…

January 20, 2025
Blog

Цената на златото надмина 3.000 долари

Цените на златото првпат надминаа 3.000 долари во петокот, како одраз на зголемената побарувачка на инвеститорите во услови на трговски…

March 14, 2025
Blog

(ВИДЕО) Мицкоски: На голем број европски дипломати им ја пренесов пораката на македонските граѓани и очекувањата како држава

Со состанокот што го имавме со претседателот на Австрија, Ван дер Белен ја завршуваме официјалната билатерална посета во Австрија којашто…

October 22, 2024
Blog

Празнична промоција на возилата GEELY И LYNK&CO во Маврово

По повод празникот Илинден, на спортското игралиште во рамки на хотелот „Спорт“ во Маврово, се одржа промотивен настан на кој…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?