Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата по години исполнети со историски достигнувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата по години исполнети со историски достигнувања
СПОРТ

Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата по години исполнети со историски достигнувања

Објавено November 18, 2024 09:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој вчера поднесе оставка, ги кажа причините за неговото повлекување од функцијата.

-По седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал. Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второ место во квалификациската група за Светско првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА. Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот. Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22 декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник. Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години, напиша Сејдини на социјалните мрежи.

Инаку, мандатот на Сејдини требаше да заврши во март следната кога се очекуваше редовно Изборно собрание на ФФМ.

Сепак, по оставката на Сејдини, делегатите на ФФМ ќе одржат вонредно Изборно собрание на 22 декември.

Се очекува за нов претседател на ФФМ да биде избран Масар Омерагиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украинците ја нападнаа Русија со дронови; Руски пратеник: Бајден ризикува Трета светска војна
Следна Статија Доналд Трамп помладиот: Воено-индустрискиот комплекс сака да почне Трета светска војна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Неверојатен пречек на Јокиќ во Кина, погледнете каков подарок доби (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари во светот, Никола Јокиќ, ги воодушеви Кинезите по неговото пристигнување во земјата на Далечниот Исток. Србинот…

July 18, 2025
СПОРТ

Ѓорческа поразена во второто финале во 2025 година

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до втората титула во 2025 година откако денеска е поразена во финалето…

August 10, 2025
СПОРТ

Спектакуларен трејд: Дончиќ ќе игра заедно со Леброн, Дејвис го засили Далас!

Шокантен трејд се случува во НБА, Лука Дончиќ оди во Лос Анџелес Лејкерс, а во спротивна насока се сели Ентони…

February 2, 2025
СПОРТ

(Видео) Оклахома го возврати ударот и изедначи во финалето против Индијана

Кошаркарите на Оклахома израмнија на 1:1 против Индијана во финалето на НБА лигата, откако победија со 123:107 на својот терен…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?