Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СЕК го тужи Илон Маск за наводни измами при купувањето на Твитер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > СЕК го тужи Илон Маск за наводни измами при купувањето на Твитер
Blog

СЕК го тужи Илон Маск за наводни измами при купувањето на Твитер

Објавено January 15, 2025 12:40
Сподели
Сподели

Американската Комисија за хартии од вредност (СЕК) синоќа поднесе тужба против Илон Маск поради тоа што милијардерот во 2022 година извршил измама бидејќи не го декларирал сопствеништво во Tвитер и купувал акции по „вештачки намалени цени.“

Маск, кој е исто така извршен директор на Teсла и СпејсЕкс, плати 44 милијарди долари за социјалната мрежа што подоцна ја преименува во „Икс“. Според СЕК, пред преземањето, тој го окрупнал својот удел во кпманијата до пет отсто и бил обврзен да објави за тоа, но тоа не го направил.

Според тужбата, Маск ја прикрил таа материјална информација, „овозможувајќи му да плати за акциите најмалку 150 милиони долари помалку отколку ако ги купил по поднесувањето на извештајот за финансиска корист.“

СЕК истражува дали Маск или некој друг што работел со него во 2022 година извршил измама со хартии од вредност, додека извршниот директор на Teсла продавал акции од својата автомобилска компанија и го окрупнувал својот удел во Твитер пред неговата откупна зделка со заем.

Маск во објава на „Икс“ минатиот месец рече дека СЕК издала „побарување за порамнување,“ вршејќи притисок да се согласи со договор кој вклучува казна во рок од 48 часа или да се соочи со „обвинувања врз бројни основи“ во врска со купувањето на акциите.

Адвокатот на Маск, Алекс Спиро, во изјава истакна дека чекорот на СЕК е признавање дека тие „не можат да поднесат вистинска тужба.“ Тој додаде дека Маск „нема направено никакви грешки“ и ја нарече тужбата „измама“ и резултат на „повеќегодишна кампања на вознемирување,“ кулминирајќи со „еднократно смешно обвинување.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Анкета вели дека мнозинството граѓани на Србија се за моја смена, предлагам референдум
Следна Статија Русија изврши масовен воздушен напад врз украинската енергетска инфраструктура

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Тесла продолжува да паѓа во Европа: Продажбата опадна за 44 отсто во првите два месеци

Американскиот производител на електрични автомобили минува низ оваа ситуација поради политичките изјави на својот шеф Илон Маск. Неодамнешните изјави на…

March 22, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Лав – понеделник, 10 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денешниот ден пренесува силен потенцијал за активација на креативната енергија во сите Лавови. Горделиви, харизматични,…

February 10, 2025
Blog

Би-би-си: Ова е крај на ерата на евтини стоки за Американците

Како што пренесува Би-Би-Си, заврши периодот на евтина стока за американските потрошувачи, кој траеше последните неколку децении. Поради новите царини…

April 4, 2025
Blog

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Конти

Граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции преку различни апликации, апелираше денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и информира дека…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?