Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Севернокорејските војници се повлекле од Курск?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Севернокорејските војници се повлекле од Курск?
СВЕТ

Севернокорејските војници се повлекле од Курск?

Објавено January 31, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Украина верува дека севернокорејските трупи стационирани во руската област Курск се повлекле поради големите загуби што им ги нанела украинската армија.

„Во текот на изминатите три недели, не видовме ниту откривме никаква активност или вооружена конфронтација со Севернокорејците. Веруваме дека тие се повлекле поради големите загуби што ги претрпеа“, рече полковникот Олександр Киндратенко портпарол на украинските специјални сили.

Информации за тоа беа објавени во американскиот дневен весник „Њујорк тајмс“.

Пред два дена, Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на социјалната мрежа „Екс“ напиша дека „некои севернокорејски единици се повлечени од линијата на фронтот во регионот Курск, според извештаите на украинските сили за специјални операции. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да коментира на темата на прашањето за извештајот на Њујорк тајмс за време на брифингот во Москва.

Сеул, Киев и Вашингтон тврдат дека од октомври минатата година, Северна Кореја распоредила околу 11.000 војници во областа Курск, кои треба да и помагаат на Русија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 700 победи за Роналдо во клубовите
Следна Статија Рубио не смета дека Украина може да победи во војната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Над 150.000 Канаѓани потпишаа петиција да му биде одземено канадското државјанство на Маск

Повеќе од 150.000 луѓе од Канада потпишаа петиција со која бараат од нивната земја да му го одземе канадското државјанство…

February 24, 2025
СВЕТ

Пожар во висококатница во Хонг Конг усмрти најмалку 55 лица, стотици се пријавени како исчезнати

Смртоносен пожар го зафати бамбусното скеле на повеќекатен станбен комплекс во Хонг Конг, убивајќи десетици луѓе и оставајќи стотици повеќе…

November 28, 2025
СВЕТ

Рубио и Маск се скарале во Белата куќа поради кратењата на персоналот

Државниот секретар Марко Рубио и милијардерот-претприемач Илон Маск имале жестока кавга на состанок на кабинетот свикан од Доналд Трамп, дознава…

March 8, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Најбрзиот американски бомбардери Б-1 Лансер пристигнаа во Британија

Б-1 Лансер, долг околу 44,5 метри, има распон на крилјата од околу 41,8 метри, тежи 86 тони и е најбрзиот…

March 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?