Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Што е живот: Груби политичката кариера ја почна со камења на тврдината Кале, ја заврши на политичкото „Кале“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Што е живот: Груби политичката кариера ја почна со камења на тврдината Кале, ја заврши на политичкото „Кале“
МАКЕДОНИЈА

Што е живот: Груби политичката кариера ја почна со камења на тврдината Кале, ја заврши на политичкото „Кале“

Објавено December 10, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Еден од првите политичари на ДУИ, Артан Груби заврши на американската црна листа. Голем дел од граѓаните тоа го примија со воодушевување, без разлика дали станува збор за Албанци или Македонци. Груби и самиот велеше дека тој „не е во ДУИ за да мисли туку да ги спроведува задачите на Али Ахмети“.

Груби добро се снаоѓаше во сите влади, без разлика дали станува збор за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Но, се чини дека во последната влада на СДСМ на чело со Таче и Заев навистина „аздиса“. Се чаламеше народски кажано.

Играше кошарка и фудбалче во канцеларија, „леташе орли“, ги правеше новинарите луди кога бараа да ги дознаат деталите за договорот со Бектел и Енка каде тој беше главен „подизведувач“, си се назначи за прв вицепремиер иако таква фунција не постои.

Ако се проневери еден денар од проектот за изградба на коридорите 8 и 10 да скапеме во доживотен затвор-велеше Груби.

Да се надеваме дека ова ќе треба наскоро да го докажува низ судските институции и Обвинителството.

Но, сепак на американската црна листа заглави за она што е негова специјалност, а тоа е корупцијата. Во образложението на Стејт Департментот стои дека со судијата Енвер Беџети чувале во фиока предмети за Сашо Мијалков.

Груби политичката кариера ја почна во 2011 година со настаните на Кале. Дотогаш беше само обичен водач на навивачката група „Шверцери“. Пред 13 години Груби како кадар на холандската амбасада ги предводеше протестите на скопката тврдина откако се прочу муабет дека таму ќе се гради црква.

Што ти е животот. Полн со симболики. На Кале ја почна политичката кариера, заради "Калето" ќе ја заврши…
Како во филм, злосторникот се врати на местото на настанот. Како карма. Па полесно ќе му беше да го отепаа Русите отколку Американците да го стават на црна листа… https://t.co/ttSvUcHrSX pic.twitter.com/5cbDuIpE1q

— ☀ М (@arozgj) December 10, 2024
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Израелската армија дојде на 25 километри од Дамаск
Следна Статија Мицкоски: За краток период како Влада покажавме дека наша визија е да изградиме локална самоуправа која ќе биде вистински партнер на секој граѓанин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Судиите бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75% повеќе, кој успех го постигнаа за тој буџет?

Премиерот Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма телевизија говорејќи на тема судство и обвинителство истакна дека судиите во земјава…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да донираме за лекување на 10-годишната Ева

10-годишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен…

February 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Поставен камен-темелникот на новата спортска сала во Воената академија во Скопје (ФОТО)

Денеска, заеднички испишуваме ново поглавје во развојот на спортската инфраструктура и вложувањата во младите кадри – истакна министерот за спорт,…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од Кочани до Скопје -транспортиран предметот за „Пулс“

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?