Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова на средба со македонистите од Полска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова на средба со македонистите од Полска
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на средба со македонистите од Полска

Објавено January 28, 2025 10:40
Сподели
Сподели

За време на престојот во Република Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова посети една од најстарите високо-образовни институции – Јагелонскиот универзитет во Краков, како и Лекторатот по македонски јазик при овој Универзитет, каде оствари средба со полски слависти и македонисти.

Во разговорот, претседателката беше запознаена со историјата на Универзитетот и Лекторатот по македонски јазик, работата и научните достигнувања на полските слависти и македонисти, со интересот на полските студенти за изучување на македонскиот јазик, како и со нивните активности, проекти и заложби за промоција на македонскиот јазик во Полска.

Македонистите вклучени во Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, говореа за културната и образовната размена меѓу двете земји, како и за македонско-полското пријателство. Воедно, тие укажаа на потребата од поголема државна поддршка во финансирањето на преводи и научни трудови од македонски на полски јазик и обратно.

Претседателката Сиљановска-Давкова го поздрави нивниот долгогодишен образовен ангажман во негувањето и промоцијата на македонскиот јазик, литература и култура и изрази благодарност за посветеноста на полските македонисти во афирмацијата на македонската реч и мисла во меѓународната академска средина. Таа вети дека ќе се заложи за интензивирање на научната соработка, со што се релативизира далечината меѓу двете земји.

Соговорниците изразија особено задоволство што, покрај на Јагелонскиот универзитет каде Лекторатот по македонски јазик е отворен уште во академската 1974/75 година, македонскиот јазик се изучува и во други образовни институции во Полска. Имено, Лекторат по македонски јазик активно функционира и на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, центар на кој македонистиката се изучува на сите циклуси на студии – од додипломски до докторски. Македонскиот јазик како главен предмет се изучува и на Катедрата за словенска филологија при Универзитетот „Адам Мицкјевич“ во Познањ, а како втор предмет е воведен и на Универзитетот во Ополе.

Воедно, претседателката го посети и музејот на Јагелонскиот универзитет „Collegium Maius“ – најстарата зграда на Универзитетот, која датира од 14 век и континуирано се користи повеќе од 600 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје
Следна Статија Мицкоски: Претходната влада го смени името за влез во НАТО и ЕУ и прифаќаше договори со цел криминалот да им биде простен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на прием кај Трамп по повод 80. Генерално собрание на ОН

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Берово -6 степени, еве колку е студено во другите македонски градови

Во Берово утрово е измерена најниска температура од -6 степени Целзиусови. Следат Прилеп со -4, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Демир…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Раната вечно ќе крвари во мене : Дарко вчера прв се врати од лекување во странство

Дарко Стојанов кој беше повреден во пожарот во Кочани се огласи на социјалните мрежи откако вчера се врати во Македонија,…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Двајца возачи се рекордери, имаат 40 забрани за возење, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа рече дека до 20.00 часот…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?