Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа

Објавено October 11, 2024 15:39
Сподели
Сподели

Нас никој не нѐ ослободи, сами се ослободивме со помош на над 110 илјади Народно-ослободителна војска за Македонија. Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа. За нас антифашистичката беше и истовремено и Народно-ослободителна војна, во која дадовме 24.000 жртви, затоа ние не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народно ослободителната и антифашистичката борба, бидејќи со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели, врз кои е изградена македонската држава, порача денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова во Музејот на македонската борба, по повод Денот на народното востание на македонскиот народ —  11 Октомври.

Претседателката Сиљановска – Давкова во своето обраќање посочи дека 11 Октомври е денот кога македонскиот народ без колебање ја има избрано вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото, и како што рече „неслучајно македонската држава за која копнееја Илинденците и за која се изборија антифашистите, трае веќе 80 години“.

-На 11 октомври во 1941 година македонскиот народ посегна по непресушното човеково право на отпор против опресијата, неправдата и окупацијата, и храбро без колебање ја избра вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото. 11 Октомври е меѓникот, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободоумни и правдољубиви народи. Херојската борба против фашизмот нѐ сплоти, нѐ прероди и ни даде легитимитет како народ да се самоопределиме и да создадеме слободна македонска држава на првото заседание на АСНОМ. Како еден од најголемите демократски триумфи на човештото, антифашизмот ни овозможи на историската сцена да настапиме рамноправно и со чиста совест да учестуваме во обновата на разрушениот свет. Неслучајно македонската држава за која копнееја Илиденците и за која се изборија антифашистите, трае веќе 80 години, рече Сиљановска Давкова.

Македонската химна, додаде, ја симболизира незапирливата борба за правдата, и како што рече, го опева континуитетот со Илинден, навестувајќи ја слободата на Македонија.

– Но, во македонската химна е пишано и едно предупредување. Дали некогаш сте се запрашале, зошто текстот на македонската химна е испеан во сегашно, наместо во минато време? Зошто по АСНОМ ние не пееме дека денес над Македонија веќе се родило новото сонце на слободата? Дека македонците веќе се избориле за своите правдини? Зошто? И по 8 септември 1991 година, македонската химна се уште е во сегашно, а не во минато време?, истакна претседателката.

Вели секоја нова генерација се соочува со нови предизвици, а најголема жртва, рече, треба да дадат оние кои имаат најголема одговорност и мора одново да се избори за овие вредности.

-Секоја нова генерација се соочува со нови предизвици и мора одново да се избори за овие врвни вредности и да ги интернализира. Секоја нова генерација, вклучително и нашава, треба да даде своја жртва за слободата и за правдата, затоа што само жртвата нѐ освестува за нивната вредност, а најголема жртва треба да дадат оние кои имаат најголема одговорност, односно политичарите избрани од македонските граѓани да ги застапуваат, да ги претставуваат, и со својот личен пример да се борат за националните и државните интереси, посочи Сиљановска Давкова.

На свечената академија по повод Денот на народното востание на македонскиот народ —  11 Октомври, присустуваше и премиерот Христијан Мицкоски, министри, пратеници и претставници од дипломатскиот кор. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Куманово го слави Денот на народното востание – 11 Октомври
Следна Статија Тејлор Свифт донираше 5 милиони долари за жртвите од ураганот во Флорида

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Државниот обвинител треба да е бескомпромисен борец за почитување на законите и владеењето на правото

Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муртезани го потпиша барањето за претфинансирање на средствата од Реформската агенда

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, по вчерашното овластување на Седницата на Владата на Република Македонија, денеска го потпиша барањето…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ги измешале редните броеви: Поради погрешно испечатени гласачки ливчиња болните и изнемоштените во Ново Село не гласаат

Поради грешно испечатени редни броеви на носители на советнички листи на гласачкото ливче во општина Ново Село болните и изнемоштените…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Прости ми, нека ти е простено: Денеска е Прочка

Денеска православните христијани го празнуваат празникот Прочка. Прочка или Велики поклади е ден во православното христијанство кога верниците меѓусебно си…

March 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?